Нема “дана” без Ѓукановичевог “мегдана”

4 јули, 20110
Milo Djukanovic

Конфликтот во највлијателната владејачка Демократска партија на социјалистите, DPS,  е како последица на расчистување на теренот за враќањето на Мило Ѓукановиќ како и наговестувањата за апсењата на “големите риби” од фракциите Светозар Маровиќ – Филип Вујановиќ, изјавил професорот Филип Ковачевиќ.

Според неговите проценки смета дека се работи за  борба за консолидација на политичката власт и контрола над економските монополи за луѓе лојални на Ѓукановиќ.

Тоа се причините зошто се кршат копјата овие денови. Треба да се провери дали некој од поранешните министри ја напуштил Црна Гора, затоа што тоа најверојатно ќе го даде одговорот на прашањето – Кој е следен на пат кон Затворот Спуж. Но, можно е таму да отиде и уште еден градоначалник, оценува Ковачевиќ.

Тој изјавил дека не верува во можноста Маровиќ и Вујановиќ да формираат нова партија.

Не верувам дека може да се повтори 1997 година. Станува збор за партија која нема никаква идеологија и е раководена од голи материјални интереси, па прашање е што има да понуди оваа партија на своите следбеници, изјавил Ковачевиќ.

Ковачевиќ исто така истакнал дека не верува во распадот на DPS, иако тоа било толку реално пред апсењето на будванските кадри, мислејќи на поранешниот претеседател и потпретесдател на Рјка, односно на Драган Маровиќ и Светозар Маровиќ, неговиот брат.

Според неговите зборови, државните институции се под целосна контрола над Ѓукановиќ, па редно време е за воспоставување на широка коалиција помеѓу независниот цивилен сектор и опозицијата, како би се согласила единствената политичка платформа за претстојните вонредни парламентарни избори.

Сигурен сум дека таквата влада би ја поддржале влијателни меѓународни фактори, најпрво од Европската Унија, а Ѓукановиќ оптеретен од воени и останатни хипотеки, ќе ја доживее петооктомвриската судбина на својот ментор Слободан Милошевиќ, порачал Ковачевиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi