Неверојатна “Минијатурна земја на чудата”

popara1 декември, 20111min00
11

Една од главните туристички атракции во Хамбург е најголемата макета на светот која се протега на околу 13.000 квадратни метри. На неа се работело 500 000 часа, а сеуште не е готова.

“Мнијатурната земја на чудата” годишно привлекува преку милион посетители кои остануваат фасцинирани од деталите на моделите поделени во осум делови. Моделот на железничката поминува низ различни земји, од Скандинавија до Германија, од Австрија до Швајцарија, па и до Америка, а возовите патуваат само неколку минути. Тука се и бродови, камиони, авиони и уште многу разни детали кои се движат и кои се управувани од 250 компјутери.

Посебна атракција во “Минијатурната земја на чудата” се противпожарните возила кои се управувани ос софистициран софтвер. Тие се постојано во борба со пожарите. А многу работа има и полицијата која лови сообраќајни прекршители. Најнова стракција е аеродромот, кој е отворен во мај оваа година и чија зграда чинела 3,5 милиони евра. Во макетите е отсликан секој аспект од животот, еден ден трае 15 минути, постои и ноќен период, а во некои активности можат да учествуваат и посетителите. “Минијатурната земја на чудата” постојано се надградува, а ќе биде завршена дури во 2020 година. До тогаш, свои макети ќе добијат Франција, Италија, Англија, дел од Африка и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma