Односите помеѓу пејачките Никол Шерцингер и Шерил Кол видно се заладија, откако дојде до крупни промени во плановите за музичкото шоу „Х фактор“.
Шерил Кол беше отстранета од новата сезона на „Х фактор“, откако се појави како судија во една аудиција за познатото шоу. Нејзиното место го зазема Шерцингер, по што се појавија многу шпекулации дека односите помеѓу двете пејачки се видливо заладени.
Шерцингер ги негираше ваквите шпекулации и изјави дека смета дека Шерил е убава, успешна млада жена, но сепак ги подгреа сомневањата кога рече дека тие двете повеќе не се во контакт.
Одлуката Шерил Кол да не се појави во новото шоу го привлече вниманието на јавноста, откако се појавија информации дека првиот човек на „Х фактор“, Сајмон Ковел, се одлучил на ваков чекор бидејќи сметал дека Шерил не е доволно позната во Америка и дека има премногу нагласен и тешко разбирлив англиски акцент.
Останува да видиме дали Никол Шерцингер е вистинскиот избор за судија на ова мега популарно музично шоу.
One comment
Tanjka
12 јуни, 2011 at 14:25
bre, bre, bree