Ноле ако те боле доле, друг пат ќе го „плеснеш“ Мареј :)))

22 август, 20110
od pocetka meca videlo da se ...

Од почетокот на мечот се гледало дека Ѓоковиќ имал големи проблеми со повредата на рамото, која го измачувало од почетокот на турнирот, но и покрај тоа се обидел да го изигра мечот до крај и да не го расипе финалето.

СИНСИНАТИ – Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ не успеал да триумфира на турнирот на мастерс серијата во Синсинати, откако во финалето поради повредата на раменото морал да го предаде мечот против Британецот Енди Мареј, на половината на вториот сет.

Мареј првиот сет го добил со резултат од 6:4, а во вториот, Британецот поведе со 3:0, со два брејка, кога судијата го прекина мечот поради дождот, а потоа Ѓоковиќ одлучи да го предаде мечот. Од самиот почеток на мечот се виде дека Ѓоковиќ има големи проблеми поради повредата на рамото, која го измачувала уште од самиот почеток на турнирот, но и покрај тоа се обидел да го одигра мечот до крај, за да не горасипе финалето.

Меѓутоа, во вториот сет тоа измачување станало бесмислено бидејќи првиот тенисер буквално не можел да ја подигне раката за да реализира најлесен можен смеч на мрежата. Така, Ѓоковиќ го претрпе вториот пораз во оваа сезона, во која до сега забележал 57 победи и освоил девет турнири, од што пет мастерси и два грен слема.

За сега не е познато колку повредата на Ѓоковиќ е сериозна, но се претпоставува дека неговиот лекарски тим ќе успее да ја санира до почетокот на Отвореното првенство на Америка, во Њујорк, на 29 август. И покрај поразот во финалето, српскиот тенисер може да биде сосема задоволен со она што го направи на турнирот во Синсинати, бидејќи го надмина минатогодишниот резултат, кога испадна во четврт финалето.

Благодарејќи на тоа, Ѓоковиќ ја зголеми предноста на ATP-листата пред Рафаел Надал, на 2.500 бодови, со што во голема мерка ги зголеми шансите годината да ја заврши на прво место.

Причина за задоволство има и Мареј, кој по долго време успеа да ја освои титулата на еден турнир на мастерс серијата. Ова му беше четврта победа во десеттиот дуел против Ѓоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *