Доколку бевте страстен обожавател на омилената серија од 80-тите, “Династија“, светските медиуми објавија одлични вести. Серијата “Династија“ која го промени стилот на облекување и однесување во текот на 80’ години, ќе добие и свое издание на големото платно. Една од продуцентките на серијата изјавила дека “носталгијата секогаш постоеше и тоа во огромни размери, но сега сакаме да тргнеме чекор понапред“. Семејството Карингтон во домовите на луѓето ширум светот влезе во 1981 година, а богатото нафтено семејство со своите интриги ги забавуваше гледачите цели осум години. Филмот ќе биде заснован на опишувањето на раните дни на семејството, на самиот почеток. “Сакаме да се вратиме на почетокот на сите ликови, да ги пронајдеме нивните корени. Ќе го вратиме Блејк Карингтон во неговата младост, во деновите кога ја запозна Алексис“, изјавила продуцентката. Од екипата на филмот се радуваат на ова остварување бидејќи како што велат “конечно една ваква култна серија ќе излезе од рамките на тоа да биде само серија и ќе направиме одличен филм, кој гарантирано ќе биде хит“.
Извор: Нетпрес