Луксузни дестинации

3 јули, 20110
bora-bora-island-tahiti-french-polynesia

1. Playa Nicuesa бунгалови во прашума, Коста Рика

Концептот на Playa Nicuesa бунгаловите се вклопува совршено во џунглата, и ќе ви овозможи да стапите во контакт со природата,  додека спиете или вечерате. Поглед на џунглата и морето на полуостровот Golfo Dulce Osa, секоја дрвена колиба е со отворен поглед. Украсени во тема на рустикална џунгла, колибите се исклучителни за вистински одмор.

2. Кампот “Светилиштето на Главатарот “, Боцвана
Овој камп ги постави златните стандарди за луксузните сафари патувања. Ова прибежиште се наоѓа среде сенките на зеленилото на делтата Okavango, со поглед на рамнините и лагуната. Ентериерот е вкусно дизајниран и главно е рустикален но и луксузен иако се наоѓа среде дивина.

3. ЕкоКамп Патагонија, Чиле
Покрај прекрасната локација во срцето на Националниот парк Торес Дел Пајн, од дизајнот и инженерингот на ЕкоКапм навистина може да ви застане здивот. Целиот камп  е поставен во геодетски куполи дизајнирани да личат на колибите на  локалните Кавескар жители.

4. Ковихала Еко Камп, Канада
Поставен по должината на реката во Ковихала, Канада, овој камп во дивината има дизајн преодреден за еко одмор и искуства кои ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите. Тука ќе спиете во потполна дивина, со прекрасни шуми и реката како позадина.

5. Ресорт Тиамо, Бахами
Ресортот Тиамо  на островот Јужен Андрос го нагласува туризмот и тврди дека е најеколошкиот ресорт на Карибите. Прекрасните ентериери на колибите покрај палмите се изградени користејќи ги основните еколошки принципи, со комбинирање на природата и шиккот.

6. Авалон Крајбрежно Прибежиште, Австралија
Во заливот “Големиот  Ојстер” во Тасманија, Авалон претставува мешавина на футуристички архитектонски стил и еко-живот. Со домашните пејзажи и специфичен дизајн, одморалиштето ќе ве вовлече во еден поинаков свет, каде што уметноста и животната средина живеат како едно.

7. Гауана Луксузен Еко Ресорт, Борнео
На маргините на бујната шума на Борнео, Гауана е колаж од бунгалови на вода изградени во близина на коралниот гребен наостровот. Со планината Каинабалу во далечината и тиркизните води под нозете, може да се восхитувте на чудата на природата од вашата спална соба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *