Дубаи – туристички феномен

1 јуни, 20110
naslovna

Дубаи за многу кратко време успеа да се наметне како една од најдобрите светски дестинации. Многу популрани туристички локации се обидуваа со години да стекнат репутација и да изградат потребна инфраструктура за да ги привлечат туристите, а во Дубаи тоа се постигна за краток временски период, благодарение на неколку паметни потези од тамошната влада.

Дубаи стана успешен град и туристича дестинација со преку 10 милиони посетители годишно. Во Дубаи можете да јадете во едни од најдобрите светски ресторани, да правите шопинг во најексклузивни бутици и да се вклучите во најразлични активности и да видите прекрасни атракции. Еден шеик од Дубаи на одреден начин му помогна на туризмот во овој град, бидејќи тој сметаше дека нафтените резерви може да секнат и дека треба со некој друг вид на трговија што ќе и помогне на земјата. Така започна планирањето како овој град да се претвори во луксузно одмаралиште, но и во голем комерцијален центар. Голем дел од парите заработени од нафтената економија е вложен токму во промоција на туризмот во Дубаи.

Дубаи се наоѓа на точка каде се среќаваат Европа, Африка и Азија. Токму поради ова местото каде се наоѓа градот, Дубаи е прикладен како место за интернационални состаноци и семинари. Овој град веќе привлекува стотици бизнисмени во текот на денот.

Дубаи ја има и една од најубавите светски плажи (Jumeirah) на која има фантастични летувалишта. Хотелите на плажите се вистинско доживување, нудат висок квалитет и сјајни услуги.

Дубаи има затворено скијалиште, сафари пустини, бордање на песочните дини, голф терени. Најмногу посетители има во текот на октомври и април, бидејќи тогаш времето е најубаво.

 

Атракциите во Дубаи

(Dubai Gold Souk) – овој град одамна е познат како градот на златото, а исто така претставува и центар на трговија за наките на Блискиот исток. Па затоа тука златото е најефтино на светот.

(Global Village Dubai) – лоцирано во Дубаиленд, глобалното село е најголемиот проект за одмор, туризам и забава. Тука може да се сретнат измешани култури, уметности, ресторани со кујни од целиот свет и многу различни нации.

(Sheikh Zayed Road) – патот на шеикот Zayed е за многумина најимпресивниот дел од Дубаи каде може да се сретнат најразлични градби, а највпечатлива е Кулата  на Емиратите (the Emirates Towers).

Уметнички галерии во Дубаи – уметничката сцена во Дубаи и воопшто во Арапските Емирати, значајно е подобрена, па така уметничките галерии во Дубаи стануваат се  по познати низ светот.

(Desert Safari) – пустинското сафари ви нуди величенственост и хармонија низ пустините, а можете да искусите дневно, полудневно, па дури и ноќно сафари.

Разглед  на градот – прошетката низ арапската античка култура измешана со ултра модернистичките градби нудат неверојатни импресии кај туристите. Треба да ја посетите џамијата (Jumeirah Mosque), да прошетате низ продавниците за зачини и накит.

Плажата (Jumeirah Beach) – Дубаи е благословен со преубаво крајбрежје и прекрасно море, градската жештина сигурно ќе ве натера да поминете неколку дена на плажите. Токму оваа плажа се смета за најубавата во Дубаи. Активностите на плажите се разни, од скијање на вода, нуркање и риболов.

Парковите во Дубаи – парковите во овој град важат за едни од најубавите ширум светот. Постојат од забавни паркови за деца и возрасни, до паркови за релаксација и паркови за рекреација и уживање.

Спа комплексите (Spa Resorts in Dubai) – овие комплекси без сомнение се наменети за елитните муштерии.

Делфинариумот во Дубаи (Dubai Dolphinarium) – целта на Дубаи да нуди различни видови атракции и активности, па од тие причини имаат направено делфинариум, кој претставува извор на забава и едукација за сите возрасти.

http://www.youtube.com/watch?v=pqEQsiZbNZ0&feature=player_embedded

Музејот на Дубаи (Dubai Museum) – овој музеј вклучува архолошки предмети, артефакти, камени гравирии скелети пронајдени при ископувањата. Некои од нив се стари до 4000 години.

Паркот на диви води (Wild Widi Water Theme Park) – ова е  најдивиот парк кој е направен во светот. Се простира на 12 хектари со 23 адреналиснки возење и атракции. Сместен е помеѓу Burj Al Araba и Jumeirah Beach хотелот.

(Umm Al Quwain) – се вели дека токму ова место е најдоброто за обожавателите на звучните бранови и мир. Пловењето по мирните води лагуните нудат најдобар вид на уживање во Емиратите.

(Ras Al Khaimah) – лоциран на северионот дек на ОАЕ, на брегот на Персискиот залив, Ras Al Khaimah емират завзема подрачје од 43 километри. Прекрасни лагуни и песочни плажи, се надополнуваат со планинските глетки со Оман.

(Fujairah emirat) – еден од седумте емирати кој исто така е доста популарен, а е единствениот кој се наоѓа на источната страна во заливот на Оман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi