Мадрид – кралскиот град

20 април, 20110
madrid

Мадрид е главен и најголем град во Шпанија.Градот е населен со околу 3,3 милиони (од декември 2009); целото население во градскиот дел (урбаниот дел и предградијата) е пресметано дека е 6.386.932 жители. Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Голем Лондон и Берлин и неговата градска област е трета најнаселена во Европската унија, по Париз и Лондон. Градот се простира на 698 км2. Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпански компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми (Telefónica, Repsol-YPF, Banco Santander). Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.

Шпанската престолнина остава силен впечаток на своите посетители, многу по различен од оној на каталонскиот град, Барселона. Мадрид е богат, софистициран град, кој зрачи со стил. На влезот на градот пред се ве дочекуваат големи традиционални стамбени згради, кои се задскирваат зад дрворедите. Во срцето на градот се наоѓа плоштадот Plaza Mayor, место каде порано се одржувале борби со бикови, а сега рај за многуте уморни туристи и пешаци кои сакат да одморат во некое кафуле.

Најголемата зграда е Кралската палата, резиденцијата на кралот на Шпанија со повеќе од сто соби кои можете да го посетите. Самата палата изгледа грандиозно од надвор и внатре, а ако платите за туристичка прошетка за да влезете внатре, ќе се уверите во величественоста на сликите кои ги красат нејзините ѕидови и кралевското оружје. Најдобар впечаток за поголемиот број на туристи остава собата со престолот од времето на кралот Карлос трети.

Во ниеден случај не треба да се пропушти посетата на познатиот музеј “Prado“, кој е дел од златната торка со “ Reina Sofia“ и “Tisen Bornomic“. Овие домови на уметноста се вистинско богатство, ремек дела на европското уметничко творештво. Добро е да знаете дека од вторник до сабота по 18 часот влезот е бесплатен. Во модерниот Мадрид ќе наидете на пријатни и гостољубиви луѓе, кои секако пред се се заљубени во фудбалот. Два големи фудбалски клуба и ривали во Мадрид се Реал Мадрид од Сантијаго Бернабеу и Атлетико Мадрид од стадионот Винсент Калдерон. Најдобар начин за да го прошетате градот веројатно е користењето на метро како превоз. Бидејќи градот е невозможно да се посети пешки особено ако престојувате кратко време, можете да се одлучите и за туристичка прошетка и тура. Можете да одберете една од двете специфични маршути. Едната ве води низ историските знаменитости, а другата е кон модерниот дел од градот, со нагласок на 19 век и периодот по него. Треба да се посети и предградието Саламанка, кој изоболива со преубави куќи.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *