Париз

13 април, 20110
paris_france

Париз е главен град на Францијаа воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил-де-Франс  т.е. парискиот регион.

Со годишна бројка од над 45 милиони туристи Париз е најпосетуваниот град во светот, како резултат на многубројните културни, историски и уметнички знаменитости, како и поради парковите и други атракции во градот. Поради тој факт Париз се нарекува и град на светлината и најромантичниот град во светот.

Градот Париз е лоциран на реката Сена. На реката се наоѓаат и два острова во самиот центар на градот, еден помал островот Сент-Луј и другиот поголем островот Ил-де-ла-Сите , кој воедно претставува и атракција за туристите, бидејќи на него се наоѓа познатата Богородична црква  , (Нотр-Дам) и мостот Понт-Неф (Новиот мост), кој денес впрочем е најстариот мост на реката Сена, изграден уште во 1607година.

Туристички атракции

Ајфелова кула (Eiffel Tower) е железна кула изградена на Марсовото поле, покрај реката Сена. Тоа е највисоката градба во Париз и меѓу најпрепознатливите симболи не само на Париз туку и во светот. Кулата е именувана според нејзиниот архитект Густав Ајфел. Кулата е висока 300 метри, што одговара на околу 75 ката. Заедно со 24 метарската антена (72 стапки), структурата е висока 324 метри што одговара на околу 81 кат. Во времето кога завршила нејзината изградба во 1889 година, кулата била највисоката градба во светот, а останала највисока сè до 1930 година. Денес преставува една од најпосетените туристички атракции.

Лувр(Louvre) е најголемиот музеј во светот. Сместен е во дворецот Лувр. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793 година, за време на Француската револуција. Централниот двор, во кој се наоѓа пирамидата Лувр изградена во 1989, служи како влез во музејот. Музејот чува некои од најпознатите уметнички дела.

Плоштадот Конкорд (Place de la Concorde) е најголемиот плоштад во Париз. Се наоѓа во центарот на градот и од него започнува авенијата Елисејските полиња. После плоштадот во Бордо, Плоштадот Конкорд е најголем во Франција. На плоштадот бил убиен на гилотина францускиот кралот Луј XVI. На ова место се наоѓа и египетскиот обелиск.

Елисејските полиња (Champs-Élysées) е широка авенија со многу луксузни продавници, кина, кафулиња, ресторани. Тоа е една од најпознатите улици во светот. Авенијата е долга 2 километри и тргнува од Плоштадот Конкорд на исток, па сè до Плоштадот Шарл де Гол на запад, каде се наоѓа и Тримфалната порта.

Плоѓтад Бастилја (Place de la Bastille)- каде се наоѓал познатиот затвор Бастилја, уништен за време на Француската револуција.

Богородичната црква  (Notre Dame de Paris) е готска катедрала на источната половина на островот Ил де ла Сите на рекат Сена, со главен влез од западната страна. Ова е катедрала на Париз и седиште на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓa“ (Богородица илиДева Марија).

Ил де ла Сите (Île de la Cité) е еден од двата природни острови во Париз. Ил де ла Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е позната туристичка дестинација, бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот.

Тримфалната Порта (Arc de Triomphe) е споменик на плоштадот Шарл де Гол, познат и како плоштад Етоал. Се наоѓа на источната страна на Елисејските Полиња. Оваа порта ја изградил Наполеон Бонапарта, како израз на благодарност кон неговата војска, по неговите походи низ Европа. Тука е сместен и гробот на незнајниот јунак. Триумфалната Порта е висока 51 метар, а широка 45 метри.

Монмартр (Montmartre) е рид на надморска височина од 130 метри, кој се наоѓа во северниот дел од градот, во осумнаесетиот округ (arrondissement), од десната страна на реката Сена. Монмартр е познат најмногу по базиликата Сакр Кер (Свето срце) која се наоѓа на неговиот врв, но и како место за ноќен живот, познато по славните париски кабареа. Другата, постара позната црква на ридот е Сент Пјер де Монмартр, за која се тврди дека била место каде бил основан редот на Езуитите.  Многу уметници имале атељеа и живееле на Монмартр, како на пример Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо, Винсент ван Гог и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi