Tурција, Истамбул

14 јули, 20110
b-404523-Mosque_in_Istanbul_City

Турција е една од шесте независни турски држави во светот. Турција граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад е Мраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.

Туризамот во Турција воглавно се базира на различна понуда на археолошки и историски локалитети, но исто така и понудите на приморскиот туризам на бреговите на Егејското Море и на Средоземното Море. Исто така, во последните години Турција станува атрактивна дестинација за спа туризам и за медицински туризам. Турција е 9 најпосетувана земја во светот и седма во Европа.

Истанбул е еден од најзначајните туристички места во Турција. Има илјадници хотели и останати туристички капацитети во градот со одлична понуда за туристи и случајни патници. Својата богата понуда во погела мера е достигната со огромната историја што Истанбул ја има и поради големото значење на самиот град низ вековите.

Тука се сместени Сината џамија, Аја Софија, Палатата Топкап, Цистерн базиликата и Пера Палас. Исто така, во скоро време Истанбул стана еден од најголемите шопинг центри во Европа. Четвртото најсвето место на муслиманите е исто така сместено во Истанбул и градот е исполнет со музеи и културни настани. Во Истанбул е Минитурк, најмалиот парк во Истанбул. Познати туристички локалитети на бреговите на Турција се: Анталија, Бодрум, Измир, Кушадаси, Мармарис, Фетије, Дикили и голем број помали гратчиња што се доста посетени од голем број на домашни и странски туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *