Маврово

31 март, 20110
mavrovo1

Маврово… општина која се наоѓа во западниот дел на Р. Македонија. Најголемиот дел од населението живее околу долината на реката Радика и околу нејзините притоки. Најживописниот природен резерват со сочувани ендмски примероци на особено богатата разноводна флора и фауна. Територијата на Маврово се наоѓаат повеќе природни локалитетикои кои се богата со културно наследство. Да ги споменеме националниот парк Маврово со богата флора и фауна, кањонот на реката Радика, Мавровслкото езеро, Црквата во вода „Свети Никола“, манастирот Св.Јован Бигорски, Галичник со познатата Галичка свадба, мостот Елен скок. Маврово е едно од оние места, кои се подеднакво привлечни и во лето и во зима. Она што го прави посебно е совршената хармонијата меѓу езерото и околните планини.
Мавровското Езеро е формирано при крајот на четириесетите години на минатиот век. Со градење на голема земјена брана на Мавровската Река, била поплавена Мавровската котлина, а на нејзиното место било формирано езерото. За постоењето на котлината, сведочи црквата, која иако поплавена сè уште му пркоси на времето.
Во зимниот период вистинска атракција се скијачките терени на планината Бистра. Веќе неколку години, тука традиционално се одржува „Мавровскиот Меморијал“ , додека детското одморалиште „Бунец“ е домаќин на манифестацијата „Снежен град“.
Доколку доаѓате во Маврово можете да уживате и во посетата на пештерата Шаркова дупка. Се наоѓа во непосредна близина на зимскиот туристички центар, веднаш под хотелот „Бистра“. Пештерата ја красат сталактити и сталагмити, кои како и повеќето од останатите украси имаат црвеникаво-кафена боја.
Денес Маврово станува сè поатрактивна дестинација, која има тенденција во иднина да привлекува сè поголем број туристи.

Официјална веб страна на НП Маврово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi