Пилешко со цимет на грчки начин

popara6 октомври, 20111min00
recept

Ви го претставуваме рецептот за пилешко месо со цимет приготвено на грчки начин, кој познатиот готвач Кет Кора го подготви во шоуто на Опра Винфри.

Потребни состојки:

  • 1 пиле (пресечено на 8 парчиња)
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 5 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чаши вода
  • 1 конзерва доматно пире
  • 1 лажичка мајоран
  • 500 гр. тарана или орзо паста
  • 200 гр. пармезан

Припрема:

Во тенџере на оган сварете ја тараната или орзо тестенините во солена вода.

Парчињата пилешко месо добро зачинете ги со претходно подготвената смеса од цимет, сол и пипер. Во тавче со загреано масло на оган, испржете ги парчињата пилешко се додека не поруменат (околу 4-5 минути од една страна).

Откако ќе се испече месото, извадете го од тавата и ставете го во посебна чинија. Во истото тавче додајте три ситно исецкани чешниња лук и ситно исецканиот кромид. Пропржете околу 3 минути на средна температура, па додајте половина чаша вода. Со лажица за готвење изгребете ја површината од дното на тавата и оставете водата да испари. Потоа додајте ја преостанатата вода, доматното пире, мајоранот, преостанатите две чешниња ситно сецкан лук и наросете сол и црн пипер.

Оставете ја смесата да врие околу 2 минути, па повторно вратете го пилешкото во тавата. Покријте ја тавата со капак и оставете да се динста 30-40 минути на тивок оган. Доколку сосот премногу се згусне, додадете врела вода.

Откако пилешкото месо ќе се издинста, на чинија за сервирање ставете ги претходно подготвените тестенини и врз нив наредете ги парчињата месо, па со лажица црпалка полијте ги со сосот од тавата. Врз вака приготвеното јадење наросете пармезан. Добар апетит!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma