Пилот на “Боинг“ заслепен со ласер

popara8 јуни, 20111min00
Sky_Lasers_125mW_Green_Laser_Pointer_562
Посадата на рускиот патнички авион “Боинг 735“ кој летал од Москва во Росотов, во моментот на слетување била заслепена од ласер, но успеала безбедно да слета на рускиот аеродром, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес.
Во патничкиот авион имало 97 патници, но за среќа нема повредени.
Претставник на тамошниот аеродром рекол дека тоа било втор случај на “ласерски напад“ од почетокот на месецот.
Според неговите зборови, во ноќта помеѓу втори и трети јуни заслепени од ласер биле членовите на посадата на “Ербас 320“ кој исто така летал од Москва. Тогаш капетанот на посадата ја известил управата за летови дека пилотот бил заслепен неколку минути со зелено светло.
Најпрво се сомневало дека светлото доаѓа од ноќните клубови кои често пати прават ласерско шоу, но потоа се утврдило дека такви клубови во тој град нема, и дека граѓаните исто така страдаат од сопственикот на тој силен ласерски прибор.
Во последната година биле забележани десетина такви случаи. Како што коментираат тамошните медиуми, “напаѓачите“ не размислуваат како во таа ситуација се управува со авион тежок 80 тони, кој лета над густо населени делови од градовите.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma