Понекогаш е навистина доволно само љубезно да побарате нешто и тоа и да го добиете. Комичарот Крег Ровин на каналот “Јутјуб“ побарал милион долари и тие и ги добил. Извесниот бизнисмен Бенџамин го повикал комичарот од Бруклин откако ја видел неговата молба на “Јутјуб“ и му рекол дека сака да го направи милионер, а потоа на неговата домашна адреса стигнало гарантно писмо. “Сеуште не можам да се освестам. Дали го заслужувам тоа? Незнам. Можеби не. Но, во светот има толку богатства, дајте ми барем дел“, изјавил комичарот кој тврди дека приказната воопшто не е измислена. Тој ќе го запознае бизнисменот на втори февруари и ќе го добие чекот на милион долари. “Не планирам веднаш да купам џет ски. Барем не за сега. Можеби ќе си дозволам пат до работа со луксузна лимузина“, изјавил комичарот. Тој признал дека парите не му се потребни за ништо посебно, но додал дека чувството дека си милионер мора да е многу добро.