После автомобилот, Индија ја лансира и „најефтината куќа на светот“

19 јули, 20110
tata-nano-5

После најефтиниот автомобил на светот, индиската компанија Тата се спрема да лансира нов нискобуџетен производ, овој пат во градежништвото.

Како што пренесува BBC, Тата на пазарот идната година ќе ја понуди „најефтината куќа на светот“ која ќе може да се изгради за само недела дена по цена од 500 евра.

Портпаролот на компанијата изјавил дека куќите се наменети првенствено за сиромашното селско население.

„Тоа е куќа која лесно се гради за седум дена. Основниот модел од 20 метри квадратни и рамен кров ќе чини околу 500 евра“, објаснува тој, додавајќи дека во планот има и нешто поскапи и попространи модели, како оние кои ќе бидат опремени со соларни панели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi