Предности и недостатоци на „надарените“ мажи!!!

14 ноември, 20110
golem penis

Кога станува збор за големината на пенисот е преовладува мислење дека поголемото е секогаш подобро. Па, најчесто е тоа така. Меѓутоа, иако жените генерално се „љубители“ на поголем пенис, сексот со „надарени мажи“ не секогаш е убаво искуство, бидејќи понекогаш големиот пенис е „преголем залак“.

Па, доколку сте „надарени“ со голем пенис, еве ви неколку совети како да го направите сексот поудобен за вашата партнерка.

Користете многу лубрикант: Дури и ако жената е многу влажна, лубрикантот ќе биде нејзиниот најдобар пријател во оваа ситуација, бидејќи ќе помогне да се намали триењето. Избегнувајте лубриканти на база на масло, бидејќи тие предизвикуваат габични инфекција. Наместо тоа, користете ги оние на база на вода или силикон. Користете лубриант дури и ако користите кондом.

Избегнувајте анален секс: аналниот канал не е еластичен како вагината. Вагината е подготвена за раѓање на бебе, значи може да се шири во голема мера, додека аналниот канал ја нема таа функција. Иако постојат исклучоци, најчесто натпросечната големина на пенисот при анален секс предизвикува болка кај повеќето жени.

Избегнувајте секс „doggy style“: Иако „doggy style“ сексот е омилена поза на многу луѓе, најчесто мажи, сепак избегнувајте ја оваа поза доколку имате голем пенис. Оваа поза овозможува длабока пенетрација, па голем пенис може да предизвика непријатност и болка кај вашата партнерка.

За вас се најдобри мисионерската поза или пак страничната поза: Класичната мисионерска поза е добра затоа што е лесно да се држи под контрола длабочината на пенетрацијата. Исто така страничниот секс е совршен избор за мажи со големи пениси,  бидејќи постои контрола над пенетрацијата и нема големо триење.

„Земете“ го полека: Кога е во прашање голем пенис, предиграта треба да трае многу подолго, за жената да се навлажни колку што е можно повеќе. Кога ќе дојде време за пенетрација, направете го тоа полека и нежно, за таа да почувствува задоволство и екстаза, наместо болка и непријатност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş