Малолетно момче вчера било претепано од страна на 15 непознати лица на плоштад “Македонија“. Поради сериозноста на повредите, момчето сеуште се наоѓа во болница.
Вчера, во 23,40 часот во Скопје, на паркинг плацот кај МЕПСО, 10 до 15 непознати лица физички ги нападнале малолетните Г.А. и М.В., двајцата од Скопје, удирајќи ги со клоци и тупаници.
При физичкиот напад некој од сторителите употребил остар предмет, при што на М.В. (17) му се нанесени повреди во пределот на грбот, десната надлактица и расекотина на десната аркада и истиот е задржан во Клинички центар, додека Г.А. (16) се здобил со повреди во вид на црвенило и огреботини и е пуштен на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.