Примамлива шминка во стилот „ Џенифер Лопез“ – Фото лекција

28 октомври, 20110
8

Идеата за денешнава лекција по шминкање е позајмена од шминката на Џенифер Лопез за фотосесијата, направена за списанието Vanity Fair.

Со помошта на туш или црн молив направете издолжена црна линија врз горниот капак од окото.

Продолжете ја линијата и врз долниот капак и нека биде само до средината.

Нанесете многу темно кафени, речиси црни, сенки со бисерен сјај во внатрешниот дел на горниот капак, покривајќи ја половината од нанесената пред малку линија.

Подцртајте го внатрешниот агол на окото со туш или црн молив, а во внатрешниот дел на долниот капак нанесете водоотпорен црн молив.

Потопете ја четката или апликаторот во бледобежови сенки и внимателно преминете по долниот капак, за да ја матирате нанесената шминка.

Финишот на шминката е нанесувањето на црна маскара  врз горните и долните трепки.

Не заборавајте да ги средите и веѓите, за да може да се придаде длабочина и впечатливост на погледот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *