Новите американски истражувања покажуваат дека пушењето е штетно не само по здравјето туку и дека може да доведе до длабока депресија. При истражувањето следени биле повеќе од 200 пушачи кои имале желба да престанат да пушат. Дадена им била специјална налепница против никотин, совет и договорен датум на престанување со пушење. Учесниците во истражувањето биле подложени на стандардниот тест за депресија пред и по престанувањето со пушење. Оние кои престанале да пушат имале незабележително ниво на депресија. Наспроти нив, оние кои престанале да пушат, па повторно почнале биле порасположени кога не пушеле, а подепресивни кога повторно почнале. Американската министерка за здравство Реџина Бенџамин неодамна издала соопштение за влијанието на пушењето на човечкото тело во целина, соопштува “Гласот на Америка“. Во извештајот се заклучува дека последиците од пушењето влијаат моментно на здравјето, изјавила докторката Бенџамин при тоа прецизирајќи дека димот од цигарите влегува во крвотокот брзо и го оштетува секој орган.
Извор: Нетпрес