Разводите и прекините на врските, се закана за човековото здравје,ги покачуваат мастите и може да предизвикаат срцев удар. Жените по разводот или по прекинот почесто страдаат од физичка болка. Не затоа што се послаби, туку затоа што во врските инвестираат многу повеќе од мажите. Емоционалните рани не заздравуваат толку брзо, всушност, предизвикуваат сериозни проблеми на телото и умот. Според податоците собрани од истражувачите во Шведска на институтот Каролинска во Стокхолм, разводите и прекините многу почесто ги погаѓаат жените, па затоа тие имаат посериозни здравствени проблеми. Особено кога во врската иле бракот има и деца. Тогаш жените освен со сопствената болка , се соочуваат и со емотивно заштитување на децата. Последиците, често се гледаат во промената на хормоналната слика. Жените често ја губат косата, драстично ја губат телесната тежина, или почесто, или видливо се здебелуваат! Многу чести се проблемите со срцето, тахикардија, дури и срцеви напади. Последица од сето ова е пократок животен век на жените кои ги доживеале емотивен бродолом. Се разбира, ова не е општа појава, но се покажа како многу честа. За да го избегнете ова сценарио имајте активен живот, движење, спорт, другарство, социјални контакти и отворање на срцето за нови луѓе. Оние кои имаат партнер, надвор од бракот или врската полесно ќе го поминат ова одколку оние кои се оставени.