„Петарди“ обвиткани со сланина

29 септември, 20110
recept

Потребни состојки:

  • 20 мали лути зелени пиперчиња
  • 300 гр. Сланина
  • 500 гр. крем сирење
  • 200 гр. Кашкавал
  • 500 гр. Павлака
  • Оригано
  • Мелен црвен пипер

Сол

Припрема:

Пиперчињаа исечете ги на половина по должина, така што на едната страна ќе остане дршката. Едниот дел од пиперката кој е со дршка го ставате настрана со семки, додека од другиот дел ги вадите семките. Постапката ја повторувате со сите пиперчиња.

Половинките пиперчиња ги полните со крем сирење. Врз половинките со дршка ставате мелен црвен пипер, додека врз исчистените половинки ставате оригано.

Вака приготвените полнети пиперчиња ги посолувате и секое го обвиткувате со две ленти сланина кои ги зацврстувате со чепкалки.

Во тава за печење ги редите пиперчињата, најпрвин со исечениот дел надолу. Печете 8-10 минути на температура од 200 степени целзиусови. Потоа ја вадите тавата од рерна и ги превртувате од другата страна. Печете уште 5 минути, ја повторно ја вадите тавата од оган и врз секое пиперче ставате малку рендан кашкавал. Ја враќате тавата во рерна и печете уште 3 минути, додека не се стопи кашкавалот.

Вака приготвените „петарди“ послужете ги во чинија за сервирање заедно со неколку топки павлака. Овој рецепт се нарекува „петарди“ затоа што за негова подготовка потребни ви се лути пиперки. Секако, доколку не јадете луто, може да го подготвите со нелути пиперки. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi