Десерт во чоколадни чашки

7 април, 20110
chocolate-cups

Се што ви треба за да ги направите овие чоколадни чашки е растопено чоколадо, неколку мали балони и полнењето е по избор.

Чекор 1

Надувајте неколку мали балони, натиопете го долниот дел од нив во растопеното чоколадо, дозволете вишокот од чоколадо да “избега“. Повторете го тоа 2-3 пати за да се обезбеди подебел слој на чоколадо.

Чекор 2

На веќе поставената хартија за готвење на тавчето, со мала лажица посипете мало количество од топеното чоколадо, за да се формира база за чоколадната чашка. Потоа ставете го балонот со растопеното чоколадо врз него.

Чекор 3

Оставете ги убаво да се оладат и не е препорачливо да се ставаат во фрижидер. Доволно е еден час на нормална собна температура и под сенка.

Чекор 4

Откако убаво ќе се оладат, пукнете ги балоните со игла. Така ќе останат само чоколадните чашки.

Чекор 5

Чоколадните чашки можете да ги наполните со сладолед, шлаг, пудниг, мус или се што ќе ви се најде во кујната, преливи, шарени мрвици и други работи за декорирање на десертите.

Чекор 6

Најважниот чекор, немојте да бидете скржави и немојте да ги јадете сами. Поделете ги со пријателите .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *