Киндер колачи

10 октомври, 20170
10

Подготовка:

Тесто:  Изматете ги жолчките од јајацата и 5 лажици шеќер, додадете вода, какао и прашок за пециво. Изматете ги белките, а потоа додадете ја смесата од жолчките и брашното и мешајте додека не се соедини.

Обложете го плехот за печење и истурете ја смесата.

Печете 15 минути на 180 степени.

Фил: Сварете 500 мл млеко со шеќер и ванилин шеќер. Во останатото млеко ставете густин и направете крем. Кога ќе се олади изматете и маргарин.

Глазура: Чоколадото растопете го со путер.

Исечете го тестото на два дела, ставете фил на секоја кора и декорирајте со растопено чоколадо.

Состојки:

Тесто:

  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 5 лажици шеќер
  • 1/2 филџан вода
  • ½ прашок за пециво

Фил:

  • 600мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 6 лажици ванилин шеќер
  • 1 маргарин
  • 80гр густин

Глазура:

  • 200гр чоколадо
  • 100гр путер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *