Крцкави компири со зачинет сос од домати

19 јуни, 20180
12

Потребни состојки:

1,5 килограми компир

6 чешниња лук

4 домати

½ лажичка чили

½ лажичка сол

½ лажичка мелена црвена пиперка

½ лажичка оригано

¼ лажичка црн пипер

Масло за јадење

Припрема:

Испечете ги доматите во рерна, па излупете ги и изгмечете ги. Во тавче на оган загрејте масло, па додајте го ситно исецканиот лук и оставете го да се испржи. Додајте ги изгмечените домати, чилито, мелената црвена пиперка, солта, ориганото и црниот пипер. Оставете ја смесата да се испржи на тивок оган се додека не се згусне, околу 15-20 минути.

Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Ставете ги во тава за печење, наросете сол и црн пипер и полијте ги со зејтин и малку вода. Печете ги во рерна околу 30тина минути на температура од 180 степени.

Послужете ги компирите во чинија за сервирање. Во малечок длабок сад ставете го сосот од домати, па садот ставете го во средина на чинијата со компирите. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *