Кременадли во зачинета глазура од портокал и сусам

25 септември, 20110
recept

Потребни состојки:

  • 8 свински кременадли
  • 250 гр. доматно пире
  • 1 лажичка мелен корен од ѓумбир
  • 100 гр. павлака
  • Масло за јадење
  • 50 гр. мармалад од портокали
  • 1 ќесичка сусам
  • Мелена црвена пиперка
  • Сол и црн пипер
  • 50 гр. ориз

Подготовка:

Загрејте масло на оган во тава за пржење. Свинските кременадли зачинете ги со сол и црн пипер. Откако маслото ќе се загрее, испржете ги свинските кременадли се додека не поруменат од двете страни. Откако ќе се испржат, тргнете ја тавата од оган.

Во тавата во која се пржеа кременадлите додадете го доматното пире, павлаката, мармаладот од портокали, мелената црвена пиперка, ѓумбирот и сусамот. На тивок оган динстајте ја смесата се додека не се соедини, околу 15 минути.

Откако глазурата ќе биде подготвена, свинските кременадли наредете ги на чинија за сервирање каде претходно сте ставиле листови зелена салата. Послужете ги кременадлите со претходно сварениот ориз.

Овој азиски специјалитет послужете го со црвено вино на собна температура. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi