Лазањи со артичок и спанаќ

26 септември, 20110
recept1

Потребни состојки:

  • 500 гр. млад спанаќ
  • 4 артичоки
  • 2 главици лук
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица босилек
  • 200 гр. сирење со зачини
  • 200 гр. Кашкавал
  • Коцка за супа од зеленчук
  • 1 пакување лазањи
  • 200 гр. доматно пире
  • Масло за јадење
  • Сол и црн пипер

Подготовка:

Во тенџере на оган сварете ја коцката за супа од зеленчук. Откако ќе се свари, оставете ја да се излади.

Во солена вода на оган ставете ги лазањите да се варат 8-10 минути. Откако ќе се сварат, измијте ги во студена вода и оставете ги да се исцедат.

Во две посебни тенџериња издинстајте ги артичоките и спанаќот. Спанаќот издинстајте го во солена вода, па процедете го. Артичоките динстајте ги во солена вода со малку зејтин. Откако ќе омекнат, тргнете го тенџерето од оган и артичоките исецкајте ги на ситни парчиња.

Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пржете ги во тава со масло на средна температура околу 3 минути. Откако ќе омекнат, додајте го доматното пире, претходно сварената коцка за супа, босилекот и наросете сол и црн пипер. Смесата динстајте ја околу 10 минути, се додека не се згусне. Потоа додајте го спанаќот и артичоките и гответе уште 5 минути.

Со четка за готвење намачкајте тава за печење со масло. На дното на тавата додајте од ¼ од подготвената смеса, па врз смесата наредете ¼ од лазањите. Врз лазањите рамномерно наредете рендан кашкавал. Постапката повторете ја 4 пати, а на крајот врз кашкавалот додадете го издробеното сирење со зачини.

Печете ги лазањите покриени со алуминиумска фолија околу 40 минути на температура од 200 степени целзиусови. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 15 минути, односно се додека не се потпече кашкавалот.

Вака приготвените лазањи оставете ги да се изладат 10тина минути пред да ги послужите. Послужете ги во чинија за сервирање, во која ќе наредите две парчиња лазања и две топки павлака. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *