Стек со сос од црвено вино и печурки

20 септември, 20110
recept

Потребни состојки

  • 4 парчиња телешки стек
  • 300 гр. Шампињони
  • ½ чаша црвено вино Каберне Совињон
  • Зачин мајчина душичка
  • Зачин див лук
  • Сол и црн пипер
  • 150 мл. Павлака
  • 20 гр. путер

Подготовка:

Во поголема тава загрејте масло на оган. Стековите зачинете ги со ситно исецкан див лук и мајчина душичка, и со сол и црн пипер. Вака зачинетите стекови испржете ги во тавата, 2-3 минути за секоја страна.

Откако стековите ќе се испржат, скалесто наредете ги во чинија за сервирање. Во тавата во која се пржеа стековите, додадете ги ситно исецканите печурки. Пропржете ги печурките додека не потемнат, а потоа додадете го црвеното вино и динстајте го сосот со постојано мешање се додека црвеното вино не испари.

Откако сосот ќе стане  погуст, тргнете го од оган и додадете ги павлаката и путерот и постојано мешајте за да не се создадат грутки.

Вака приготвениот сос истурете го рамномерно врз телешките стекови. Послужете го овој специјалитет со пире или пржени компири како гарнир.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi