Супа од тиква и јаболки

10 ноември, 20110
SONY DSC

Потребни состојки:

1 главица кромид

1 мала тиква исчистена од семки

2 јаболки

4 моркови

1 коцка за супа

½ лажица цимет

Сол

Масло за јадење

Припрема: Исчистете ја тиквата и исецкајте ја на коцки. Излупете ги јаболката и морковите и нив исецкајте ги на парчиња. Во тенџере на оган ставете литро вода, а кога ќе зоврие додадете ја супата од коцка да се свари, околу 10 минути.

Во тавче на оган во загреано масло ставете го кромидот да се испржи. Потоа додадете ја тиквата, морковите, јаболките, сварената коцка за супа и циметот и варете на тивок оган околу половина час, со повремено мешање.

Додадете го сварениот зеленчук во блендер со половина од течноста. Миксирајте се додека смесата не се хомогенизира. Вратете го испасираниот зеленчу во тавата со преостанатата течност и промешајте. Додадете сол и црн пипер. Чинијата со супа украсете ја со павлака и магдонос. Добар апетит.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *