Зачинет тост со кашкавал и зеленчук

21 септември, 20110
recept

Потребни состојки:

  • 16 парчиња бел леб
  • 8 тенки парчиња кашкавал за тост
  • 2 домати
  • 1 луто пиперче
  • Вегета
  • Зачин чили
  • 1 млад кромид.
  • 50 гр. Путер
  • 200 мл. павлака или млечен намаз

Подготовка:

Секое парче леб намачкајте го со путер од едната страна. Потоа секое парче рамномерно зачинете го со вегета и чили по желба.

Врз 8 парчиња ставете по едно парче кашкавал за тост. Ситно исецкајте ги кромидот и лутото пиперче и додадете ги врз кашкавалот. Доматите исецкајте ги на тенки парчиња и по 2 парчиња додадете врз кашкавалот. Врз вака подготвените 8 лепчиња додадете ги останатите 8 парчиња кои претходно ги намачкавте со путер и ги зачинивте.

Секој тост сендвич намачкајте го со малку маргарин и ставете го на тостерот. Откако ќе се испече, во чинија за сервирање ставете по две парчиња тост кои претходно дијагонално сте ги исекле на половинки. Во секоја чинија додадете по една топка павлака или млечен намаз.

Овој вкусен рецепт може да го подготвите како појадок, закуска или ужина. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi