Митскиот вулкан Етна во Италија повторно еруптирал цели два часа, а во воздухот се издигнал огромен облак од пепел при што е затворен аеродромот во Катанија. Ерупцијата предизвикала голема количина на лава да се слее надолу по земјата, но за среќа никој не настрадал. Вулканот испуштил и огромен облак од пепел, кој ги приморал властите во Катанија да го затворат аеродромот во текот на ноќта, откажувајќи и пренасочувајќи голем број на летови. Според последните податоци се вели дека аеродромот бил отворен изутринава, но сеуште не е потврдено.
Извор: Нетпрес