Веста дека се снима филм за Фреди Меркјури сигурно ќе ги израдува големиот број фанови на легендарниот фронтмен на групата “Квин”. Филмот го доби зеленото светло, да се започне со снимање со фактот дека сценариото е веќе напишано. Потврдено е дека главната улога ќе ја добие Саша Барон Коен (Борат / Бруно), кој е извонредно сличен со Фреди Меркјури и е совршен за таа улога. Филмот ја раскажува приказната за харизматичниот пејач кој прерано почина. Овој филм ќе биде режисерското деби на Питер Морган, кој пред овој филм, работеше како продуцент и автор на многу познати и успешни филмови вклучувајќи ги “Последниот крал на Шкотска” и “Никсон”.