Секоја трета барем еднаш се „сексала“ со пријател
Изгледа дека пријателите не се само добро рамо за плачење, туку и одлични партнери за „утешителен“ секс. Британскиот сајт MyCelebrityFashion.co.uk спроведе истражување кое покажа дека секоја трета жена барем еднаш имала сексуални односи со свој пријател.
Половина од жените го сториле тоа бидејќи не сакаат врска со тој човек. Дури 19% од жените го сториле тоа за забава, додека 8% планирале некоја посериозна врска. Во истражувањето биле вклучени 2168 жени, а резултатите покажале дека повеќе од половина од нив секогаш имаат „пријател со бенефиции“.
Само 29% им се „вратиле“ на бившите момчиња за секс, додека 23% од испитаничките признале дека имале сексуални односи со колега. Верувале или не, една од пет жени по раскинувањето имала секс со најдобриот пријател на нејзиното поранешно момче.