Слободното ѕидарство во Кралството СХС-Југославија (1919-1941 година)

popara24 јуни, 20113min00
Yugoslavija StvaranjeW

Создавање на Голeмата ложа на Кралството СХС “Југославија“ (1919 година)

Идеата за основање на националната Голема ложа во Хрватска беше уште пред почетокот на Првата светска војна. Така, членовите на ложата “Ljubav Bližnjemu“, бараа решение како на најдобар и најбрз начин да се создаде самостојна масонска власт и управа, па уште пред Светската војна заклучија дека е потребно да се одделат од Унгарската Провинцијална Голема ложа. Со Светската војна се овозможи да се реализира намерата, но кога се почувствува колпасот на Австро-Унгарската монархија, браќата од ложата “Ljubav Bližnjemu”, настојуваа повторно да се приближат кон остварување на целта.

После тоа дојде до колапс на средната власт, во Загреб се основаше Народното Собрание на СХС на 29 Октомври 1918 година и се издаде наредба за распуштање на сите заедници со австриско и унгарско влијание. Со оваа одлука беше погодена ложата “Ljubav Bližnjemu” и беше прифатена со огромно жалење од страна на браќата. За време на состаноците на ложата “Ljubav Bližnjemu”, еден дел од браќата покажаа задоволство за оваа одлука, поради тоа се појави конфликтна ситуација, a веќе на состанокот на 21 Ноември 1918 година, се донесе заклучок дека треба да се распушти ложата. Така што на 28 Ноември 1918 година се даде предлог, да престане со работа ложата “Ljubav Bližnjemu”, а имотот да се пренесе на ложата “Vrhovac”. Оваа одлука предизвика незадоволство меѓу браќата поради што беше предложено од страна на еден од браќата да се почека додека да се променат правилата, потоа да се конституира Големата ложа “Ljubav Bližnjemu”, а членовите во меѓувреме да се прегрупираат во новите ложи со цел да продолжат да функционираат и да работат.

Народното Собрание на СХС дозволи да дојде до промена на правилата, а на 2 Ноември 1918 година Сојузното Собрание на “Симболичната Голема Ложа на Унгарија“едногласно одлучија, хрватските ложи да ја основаат самостојната Голема ложа.

Ложата “Maksimilijan Vrhovac” беше основана врз основа на радикална програма, со цел да ја постигнат целта. Во текот на војната ложата “Vrhovac” продолжи со својата работа иако не се познати локациите каде се одржуваа конференциите и состаноците. По завршувањето на војната во ложата “Vrhovac” се зачленија сите “сомнителни“ браќа, кои имаа направено предавство за време на војната.

Во национално-југословенската ложа “Maksimilijan Vrhovac” најактивен член беше докторот Roko Joković, кој во врска со овој спор напиша:

“Доколку, некој пред почетокот на војната се согласи да биде дел од оваа безбожно злосторство и да застане на страната на централната власт – признавам, дека би можело да се најде некакво оправдание. Но, кога некој живее во Југославија, во држава која води херојска борба за обединување и ослободување и кога во текот на четири и пол години ги гледа сите уништувања, ужаси и прогонства, инсценирани од централната власт, против еден народ, тогаш таков човек не може и не смее да остане и понатаму дел од масонските редови, бидејќи тоа не само што не е масонско, туку е срамота!

Називот Хрват, претставуваше синоним за антисловен; знак за лојалност кон Австрија.

Јас како Југословен-Хрват, а пред се масон, тврдам, дека секој оној масон, кој е роден и живее на просторите на Југославија, а кој за целиот период додека траеше окупацијата беше пристрасен приврзаник на централната власт и ги одобруваше нивните постапки – во тој момент престана да биде дел од Масонската фамилија“.

Слободните ѕидари кои беа дел од ваквите акции Joković ги споредуваше со слободните ѕидари во Германија и Австрија. Колку беше тешка атмосферата во Хрватска и зошто југословенските слободни ѕидари не можеа да се придржуваат на основните принципи на масоните го искажуваат во објаснувањето – “масоните со национално чувства, застанаа под германско-унгарските прогонства и тиранија бидејќи искуството не научи, дека не можеме да преземеме никакви акции. Да, ние југословенските масони, не можевме да функционираме според основните принципи на братството и тоа јасно го потенциравме во секоја наша изјава“.

Во летотот 1917 година, дознавме од сигурни извори, дека Австрија ја предвидува сопствената пропаст, па бара начин како да излезе од прегратките на Германија и да се спаси себе си. Со цел австро-унгарскиот окупатир да се покаже во подобро светло ја ублажи својата хипертиранија. Така што, можеше да се започне со подготовки на револуционерните акции и на револуционерниот покрет. За оваа постапка, со огормна гордост можеме да се ракуваме со нашите браќа јунаци и да им кажеме: Ви благодариме, вие сте наши јунаци.“  – дел од документите на Joković.

Joković заедно со членовите на ложата “Maksimilijan Vrhovac”, за оваа ситуација ги обвини, пред сé евреите. Заложувањето за намалување на бројот на евреи во редовите на слободното ѕидарство резултираше со нивен отпор кон новата држава,:

“Бројот на Евери е непропорционален во споредба со останатите националности во нашата држава и притоа не го оправдува фактот за ваквиот несразмерен број на Евреи во нашето масонство.

На сите нас ни е добро познато, дека има многу чесни, демократски и либерални луѓе, кои се занимаваат со масонството и би сакале да пристапат, но се повлекуваат поради овој факт.

…После колапсот на Австрија и прогласувањето на нашата слобода – обединувањето, беа критикувани Евреите кои со негодување гледаа кон нашата млада држава.

….Кога јас го изнесов моето размислуваше, имаше протести, бидејќи Србите и Хрватите не се еден народ итн.

….Можеби кога би го слушнале евреите моето мислење, би ме прогласиле за антисемит.

Тоа би била само една груба и евтина измама, бидејќи јас не сум против нив, туку против нивните превари.“

Во врска со конфликтот помеѓу југословенската ложа (“Maksimilijan Vrhovac”) и хрватската ложа (“Ljubav Bližnjega”), кон крајот на 1918 година со своја изјава излезе Veljko Tomić:

“Поединците пред сé, евреите беа обвинети за антинационални дејствија за време на војната и за неправедни активности. Мојот грев е во тоа што, јас верував во информациите кои кружеа во братските редови и како поголемиот дел од браќата се приклучивме кон анимозитетот кој претставуваше последица на ваквите околности. Но, откако се покажа дека информации се лажни, веќе бев дел од осомничените браќа“.

Расплетот на ова струење меѓу слободните ѕидари во Хрватска започна на седницата на ложата “Ljubav Bližnjega” одржана на 2 Јануари 1919 година, кога помеѓу деветте исклучени слободни ѕидари најголемиот дел беа исклучени поради тоа што “припаѓаа на Мојсијевата вера“.

Ложите во Хрватска, сменија некои правила (наместо изразот “Провинциска Влада, оддел за внатрешни работи“ го заменија со “Комесаријат на Народното Собрание на СХС, за внатрешни работи на Хрватска и Словенија“),  а за ова беше добиена и преелиминарна согласнот од Симболичката Голема ложа на Унгарија.

За време на општата конференција (на која присуствуваат слободните ѕидари од сите три степени), одржана на 11 Јануари 1919 година, се разгледуваше предлогот за “основање на самостојна хрватска ложа под името ’Matica loža I k ljubavi bljižnjega’ со седиште во Загреб. Roko Joković даде огромен допринос за предлогот “Основање на југословенска Голема ложа, а не само на Хрватска, со тоа што, Големата југословенска ложа во првата прилика ќе дозволи кон неа да се приклучи Големата српка ложа ’Pobratim’, со цел сите ложи на територија на Југославија да се обединат во една Голема ложа.“

Овој предлог на Joković беше усвоен и истиот ден се одржа “Конститутивно Собрание“, на кое едногласно беше донесена одлука за основање на Југословенска Голема ложа под називот “Matica lože k Ljubavi Bližnjega”со седиште во Загреб. Сепак постоеја, поделени мислења, за припојувањето на Големата српска ложа “Pobratim” и за обединувањето на сите ложи на територија на Југославија.

На истото Собрание се избра Големиот Мајстор Adolf Mihalić (со 49 присутни), а донесена беше и одлуката, членовите од претходната ложа “Ljubav Bližnjega”, да им се даде можност да пристапат кон веќе постоечките ложи.

Во присуство на сите членови на Југословенската Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega, како и Jovan Aleksijević, генерален секретар на Врховниот совет на Србија, на 6 Февруари 1919 година се одржа седница на која се расправаше за обединување на Југословенската Големата Matica lože k Ljubavi Bližnjega со ложите од Србија, кои беа под закрило на Врховниот совет на Србија и единствената врховна масонска влaст.

Заклучокот од оваа седница бeше едногласен. (продолжува)

Продолжението следува утре, затоа читајте www.popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag