Слободното ѕидарство во Кралството СХС-Југославија (1919-1941 година) – четврт дел

popara28 јуни, 20113min00
naslovna

Создавање на Големата ложа на Кралството СХС “Југославија“ (1919 година)

Во Белград од 11 до 16 Септември 1926 година, се одржа конгресот на слободните ѕидари. На Конгресот присуствуваа делегати и претставници од Големиот Оријент на Франција и Големата ложа на Франција, Големиот Оријент на Швајцарија, Големиот Оријент на Шпанија, Големиот Оријент на Грција, Големата ложа на Унгарија, Големиот Оријент на Турција, Големата ложа на Бугарија, Големата ложа на Беч, Големата ложа на Полска, Големата ложа на Романија, Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, Големата ложа на Чиле и Мексико “Lessing zu den drei Ringen”.

На последниот ден на Конгресот слободните ѕидари ја усвоија резолуцијата во која се истакнуваше следното:

“Основните начелата на кои се базира масонството, слобода и демократија, Собранието би сакало да се користат и да се почитуваат во целото општество од страна на сите народи и на тој начин да се зголеми човечноста меѓу луѓето.

За да се постигне оваа цел, Собранието бара од страна на масонството, да се поддржи секој чекор кој осигурува арбитража во меѓународните конфликти.

Собранието се залагаше да се направат сите напори за да се реализира оваа барање – како и да се помогне кон акцијата за разоружување и целосно уништување на оружјето.

Но, поголема опасност претставуваат конфликтите на економското поле, па затоа наоѓањето на начин да се избегнат овие конфликти или да се предвидат, претставува и делумно решавање на овој проблем.

Собранието смета дека треба во секоја земја да се формира Масонски одбор (по иницијатива на масоните, а притоа да се добие меѓународна согласност) кој ќе пронаоѓа начини за решавање на економските проблеми. Со посредство на Меѓународното Масонско Здружение (IMA)сите решенија можат да се користат во секоја масонерија.

На крајот од Конгресот, масоните беа горди што допринесоа да дојде до меѓународно приближување на државите.“

Голем број од југословенските државјани беа дел од странските слободноѕидарски ложи, како и дел од мешовитите ложи, како што се: “General Penje”, “Kosmos”, “Jupiter” во Париз; “Konkordia” во Лондон; “Sveti Jovan” во Лијеж. Меѓу овие мешовитите (француско-југословенски, англиско-југословенски, белгисоко-југословенски) ложи членови беа: Aleksandar Avakumović (претставник во Букурешт), Vukašn Živkovi (Генерален конзул во Лондон), Др. Velizar Ninčić, Boško Hristić (претставник во Италија), Др. Aleksandar Vukčević (претставник во Атина, член на ложата “General Penje”), Др. Dušan Zarije Milačić (член на ложата “General Penje”), Milutin Mirković (советник во Рим, член на ложата “General Penje”), Др. Svetislav Petrović (дописник на “Politika”, член на “General Penje”), Др. Vladimir Ribarž (советник во Вашингтон, член на “General Penje”), Miša Cukić (член на “General Penje”), Др. Vojko Šoler (член на “General Penje”), Dušan Tomić (член на “General Penje”), Momčilo Jurišić (претставник во Берн, член на ложата “Kosmos”), Dragovan Ivković (член на ложата “Sveti Jovan“).

Врз основа на информациите кои се достапни, во странските ложи имаше повеќе од 190 државјани на Кралството Југославија.

Врз работата на југословенските мешовити ложи големо влијание имаа југословенските слободни ѕидари кои беа дел од странските ложи, а оваа влијание се чувствуваше најмногу на политичкото и економското поле. Како одличен пример за илустрација може да послужи состанокот одржан на 4 Јануари 1933 година, на кој беа присутни:  Старешината Rusel ложата “General Penje”, Maršal Големиот мајстор на Големата ложа на Франција, Remon Големиот мајстор на Врховниот Совет на Франција, Artur Grusje Претседател на Советот на Големиот Оријент на Франција, Rašid Заменик Голем мајстор на Големата ложа на Турција, Karpantje Голем мајстор на Големиот Оријент на Белгија, Esteva Bertrand поранешен Голем мајстор на Големата ложа на Шпанија како и делегати од Големиот Оријент на Грција (Hadžipanos), од Големиот Оријент на Шпанија (Gonzales), од Големата народна ложа на Чекословачка (Pjer). Покрај овие членови, присутни беа и: Poatven (Претседател на групата на слободните ѕидари, членови на францускиот Парламент), Brol (претставник од државниот потсекретаријат во Претседништвото на Франција), Depla (пратеник), Savoar, Lisjen Foaje, Lebej, Doanjon, Toten и многу други. На состанокот беа разгледувани голем број на прашања кои имаа влијание врз политичкиот и економскиот живот.

На овој состанок збор имаше и Dušan Tomić, кој истакна дека ложата “General Penje” е основана од страна на Франција и Србија и има точно одредена цел, која беше исполнета, бидејќи во периодот од овие осум години, успеаа да ги обедиат слободните ѕидари од Балканот и од Средна Европа“.

Според извештаите, оваа ложа беше основана од страна на Rusel, Генералот Kadion, Patin, Lebej, Savoar и сите заедно овозможија да се одржи сјајот на слободните ѕидари. На почетокот ложата имаше дванаесет членови од Франција и тројца членови од Србија (Vajfer, Miličević, Cukić), а веќе во 1933 година ложата броеше повеќе од 150 членови кои беа од различна национална припадност. Голем дел од членовите после извесен период се вратија во своите држави каде што продолжија со работа и со развивање на слободното ѕидарство.“

Српската масонска традиција, која се создаваше во претходните педесетина години, немаше никакви сериозни пречки од страна на државните ограни и поседува изразени патриотско-национални карактеристики. Особено за време на балканската и светската војна имаше јасен поглед за опасноста на државата и за опасноста на нацијата па правеше огромни напори за решавање на сите конфликтни ситуации. Масоните во Србија, донесоа делумно решение за српските националните прашања како и за останатите прашања поврзани со економиските и културните разлики.

Масонската традиција во југословенските краеви беше сосема различна од српската. Кај масоните од Хрватска (бројот на масоните од Словенија беше многу мал) постоеја три струи кои влијаеа врз понатамошната масонска организација во новата држава. Најслабото струење беше влијанието на Унгарија, а најјако струење беше залагањето за тријализмот, а најоптималното струење се залагаше за создавање на државна заедница заедно со Србија, но уредувањето на државата да биде со централистичка власт или содавање на федерални држави.

Врховниот совет на Србија, Хрватска и Словенија

На 9 Мај 1912 година се формираше Врховниот Совет на Србија во Белград, кој беше едногласно признат на интернационалната конференција во Вашингтон истата година. Овој Врховен совет се базираше на конституции специјално пропишани и усвоени за неговата работа. По прогласувањето за обединување на Србите, Хрватите и Словенците во една држава, Врховниот Совет се преименува како Врховен Совет на Срби, Хрвати и Совенци.

Под Врховениот Совет на Срби, Хрвати и Совенци се следните слободноѕидарски органи: Суверениот Трибунал во кој работеа слободни ѕидари до 31 степен; “Konzistirujum” до 32 степен; Аеропаг “Dositej” до 30 степени; “Srbija” до 18 степени и во “Mudrost” работеа од 4ти до 14ти степен.

Првт Голем мајстор на Врховниот Совет на Срби, Хрвати и Словенци беше именуван Đorđe Vajfert, а Голем секретар Jovan Aleksijević, додека членови на Врховниот Совет беа Petar Šreplović, Manojlo D. Klidis, Dušan Miličević, Dimitrije Janković, Damjan Branković, Milan Antonović, Sreten J. Stojković.

Старешинството на Врховниот Совет на Србите, Хрватите и Словенците се поклопуваше со старешинството на Големата ложа на СХС “Jugoslavija”.

Неспорно е дека на самиот врв на југословенската масонерија беа Vajfert, Miličević, Damjan Branković, Vokislav Paljić, Vladimir Ćorović, Andra Dinić, Stanoje Mihajlović, Ljubomir Tomašić, Savko DUkanac, Đura Bajalović, Petar Šreplović, Radenko Stanković, Franjo Hanaman, Radislav Katičić, Adolf Mihalić, Juraj Demetrović, Ferdo Šišić, Viktor Novak, Pavle Marinković. Поголемиот дел од нив беа членови на Врховниот Совет, а Vajfer I Miličević во истовреме беа на чело и на двата системи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag