Откако позициите на Германија и Франција се разминаа во врска со случувањата во Либија, како и за атомската енергетика, се повеќе експерти почнуваат да го предвидуваат распадот на овој можен политички тандем. Таа ситуација може да резултира со сериозни проблеми во целата Европска унија, бидејќи Берлин и Париз ги одредуваат основните позиции на европската надворешна и енергетска политика.
Ако претходно Германија и Франција успеваа да завземат единствена позиција за најважните прашања за Европа, како консолидирањето на напорите за спасување на заедничката европска валута, сето тоа се смени по гласањето на резолуцијата за Либија во Советот за безбедност на ООН. Франција одлучи да ја преземе улогата на лидер во воената коалиција, а Германија одлучно откажа да учествува во воената акција, анализира рускиот “РБК Дејли“, пренесува Нетпрес.
По хаваријата во јапонската атомска централа, Берлин почна да се откажува од своите програми во сферата на нуклеарната енергетикаа. Франција, каде работат 19 атомска електрани, со вкупно 58 рактори, воопшто и не помислува да се откаже ниту од дел од својата нуклеарна енергетика. Во Париз почнаа да си го поставуваат прашањето дали спроведувањето на заедничка политика со Берлин во обаста на регионалната и енергетската безбедност воопшто е возможно.
За тоа колку експлозивна може да е темата за енергетската безбедност, сведочи неодамнешната размена на реплики меѓу германскиот еврокомесар, одговарајќи на прашања за енергетика, Гинтер Јотингер, и францускиот министер за индустрија, Ерик Бесон. Објавувајќи ги претстојните тестирања на нуклеарните реактори во ЕУ, Германецот рече дека најверојатно, не сите атмонски електрани ќе одговорат на потребните стандарди за безбедност. Французинот реагираше практично молскавично, контрирајќи дека Јотингер треба да ги почека резултатите од претстојните проверки пред да дава било какви изјави.
Сепак експертот од германскиот совет за надворешна политика, Александар Рар, не е склон да драматизира за неодамнешното заладување во односите меѓу Париз и Берлин.
“Во Европа нема никаков раскол. Споровите како што е спасувањето на еврото и социјалните системи на земјите членки на ЕУ, се далеку поважни од сите разногласија во врска со Моамер Гадафи“, коментира експертот. Според него, и “тематиката за атомската енергетикаисто така не е спор, туку е повеќе традиција. Едноставно во моментов
Германците се во паника поради хаваријата во јапонската нуклеарка“.
Користењето на ефтина електрична енергија, благодарение на многубројните нуклеарни електрани во Франција, е несомнен адут за француската економија.
“Нуклеарни централи се градат низ целиот свет, а Германија, по иронија на судбината, се подготвува да се откаже од атомската енергија. Како резултат на тоа, земјата неизбежно ќе стане зависна од француските електрани“, смета германскиот експерт.
Извор: Нетпрес