Диего Форлан во Интер како замена за Ето

31 август, 20110
Diego-Forlan-001

Откако Интер го продаде Ето, и го позајми нашиот репрезентативец Горан Пандев на Наполи, за очекување беше да донесат некое засилување. Тоа е 32-годишниот Диего Форлан. Уругвајската ѕвезда помина 4 години во Атлетико Мадрид и на овој тим му помогна да ја освои Лига Европа во 2010. За тимот од Мадрид постигна 96 гола на 195 официјални настапи.

Форлан пристигна во Милано во понеделникот и беше пречекан од навивачите на Интер. Потпиша  двегодишен договор а сумата на неговиот трансфер е се уште непозната. Во Интер ќе настапува со дресот со број 9.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Интер, Масимо Морати, за оваа прекрасна можност. Многу сум среќен што сум тука и што ќе играм за фантастичен тим како Интер. Ова е голем предизвик во мојата кариера,” изјави Форлан за официјалниот веб-сајт на Интер.

Диего два пати го освојувал трофејот за најдобар стрелец во Шпанското првенство. Исто така ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на Светското првенство 2010, кое се одржа во Африка. Неодамна и помогна на неговата репрезентација да го освои Купот на Америка. За Уругвај има постигнато 31 гол на 82 натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi