Интер – за Робен 30 милиони евра

30 април, 20110
PRO_321579_RobbenJuichtChelseaThuis

Интер е подготвен да понуди 30 милиони евра за крилото на Баерна Минхен, Арјен Робен.

Ова не е прв пат Робен да се поврзува со екипите од Серија А, бидејќи Јувентус и Милан од поодамна се заинтересирани за неговите услуги.

Сега одненадеж се појави можноста Интер да го купи 27-годишниот фудбалер, а според медиумите, понудата наскоро ќе биде испратена на адреса на Баварците.

Робен можноста да го напушти Минхен ја отвори со констатацијата дека Баерн мора да игра во Лигата на Шампионите, што же биде неизвесно до последното коло во Бундес лигата.

На потег ќе биде управата на Баерн, а 30 милиони евра можеби ќе ги задоволат апетитите на Баварците, бидејќи Робен доста често имаше проблеми со повредите.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi