Кој има најмногу пари во Формула 1?

29 април, 2011
000111

Ферари е убедливо најбогатиот тим во Формула 1, а Hispania Racing има најмал буџет, објавено е во извештајот од последните изданија на ‘Business Book GP’. Асоцијацијата на момците од Формула 1, FOTA, успеа во изминатите неколку години, драстично да ги намали буџетите на тимовите, но и понатаму се работи за износи и суми од кои може да им се сврти главата на некои други најдобри спортисти во други спортови. На пример, просечниот годишен буџет на Формула 1 тимовите во 2011 година изнесува 113 милиони евра, што е скоро два пати помалку од 2009 година, кога просекот беше 209 милиони. Минатата година 2010 овој просек изнесуваше 119 милиони.

Разликите помеѓу богатите и “сирмоашните“ во Формула 1 се исто така огромни. На пример, Ферари со буџетот од 199 милиони евра е најбогат тим, а HRT со 34 милиони евра е “најсиромашен“. Во извештајот стои и тоа дека трошоците е се кратат и во иднина, односно следната сезона, особено поради тоа што тимовите не го постигнале нивото на намалување кое било барано. ‘Business Book GP’ наведува дека тимот Lotus во 2011 година потрошил повеќе отколку лани, исто како и Virgin, Sauber и Red Bull.

Во меѓувреме богатите Ferrari, McLaren, Mercedes и Renault трошат помалку, потпирајќи се на спонзорите кои моментално го покриваат половина од  нивниот буџет.

 

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris