Една италијанка само по еден месец брак, поднесе барање за развод. Како причина таа ја наведува свекрвата. Поточно, два дена по свадбената церемонија, брачниот пар решил да замине на свадбено патување, во Парис. Но, кога стигнале на аеродромот, жената дознала дека со нив ќе оди и свекрвата. И таа ќе биде дел од романтичното свадбено патување. Изговорот на мажот бил дека тој неможел да си ја остави мајка си сама. Веднаш штом парот се вратил назад во Италија, жената се вратила кај своите родители и го покренала разводот, неможејќи да ја разбере претераната емотивна врска помеѓу нејзиниот сопруг и мајка му.