popara17 август, 20111min00
taj_mahal-naslovna

Гробница на една голема љубов

“Она што го мислам, не можам да го искажам“ – коментирала угледна англиска дама, гледајќи во Таџ Махал, “но, знам дека би посакала утре да умрам кога ваков споменик би се изградил во моја чест“. Изградбата на овој споменик била нарачана од страна на Шах Jahan, петтиот владател од династијата Mughal, којавладеел во периодот од 1628 до 1658 година. Сепак, имал голем број на препреки при преземањето на престолот.

За да го преземе престолот, морал да ги отстрани сите негови роднини кои му се нашле на патот, а мајка му да ја прогони. Инаку, голема љубов чувствувал кон својата сопруга Arjumand Banu Begum, која што имала почесно име Mumtaz Mahal – во превод значи “драгоценет камен во палатата“. На својата сопруга Шах Jahan, на обалата Џамна и изградил вистинска рајска градина.

“Ништо не смее да и ги повреди нежните нозе на принцезата, додека шета низ градината“, така било запишано во еден стар зачуван документ.

Шах Jahan имал чувство за убавина. Не градел само во Агри раскошни градби туку во својата резиденција изградил убави џамии и палати. Во еден од дворците постои запис: “Доколку на светот постои рај, тогаш е тоа овој, овој, овој!“ Така, шах Jahan за себе си изградил голем број на споменици. Во сеќавањата на потомците шах Jahan најмногу се памети по изградбата на Таџ Махал. Во оваа градба се наоѓаат посмртните останки на владетелот, кој покорил голем дел од Индија. Времето на неговото владеење заврши со несреќни случувања исто како што и започна. Шах Jahan бил убиен од страна на неговиот син Aurangzeb, кој до крајот на својот живот живеел развратнички во палатата. После смртта на Aurangzeb, царството започнало да пропаѓа.

Сопругата на шах Jahan според преданијата “имала огромно позитивно влијание врз царот“.  За време на породувањето во 1629 година починала, а шах Jahan наредил мрвото тело да се однесе во куќата во Агру и ја погребал во градината на реката Џамна. Над нејзиниот гроб била изградена гробница каква што светот дотогаш немал видено. “Во блескавата водена површина се наоѓаат лотосови цветови – од влезната врата, низ градината па се до Таџ Махал, гордата градба од снежно бел мермер, цветни градини, а над тоа темно сино индиско небо. Сето тоа се вклопува во една слика, а во душата на посетителите исчезнуваат сите грижи и проблеми кои што ги имаат. Така што, нешто слично тешко дека може да се најде на овој свет“.

Историчарите ја нарекуваат “Сон во мермерот“, како и “апотеоза на индиската женственост“.За изградбата на оваа Шах Jahan ги донел најпознатите градители и ѕидари. Повеќе од 20.000 работници биле ангажирани во текот на 17 години, колку што траело градењето. “Целокупниот впечаток, ја надминува секоја претпоставка“ – Karl Baedeker.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag