Универзитетот Кембриџ

popara23 мај, 20111min00
Naslovnacambridgeuniversity

Кембриџ е државен истражувачки универзитет сместен во Кембриџ,Обединето Кралство. Тој е втор најстар универзитет како во Англија така и во англиското говорно подрачје во светот и седми најстар универзитет глобално. Во претходните именувања името на универзитетот бил скратен во Кантаб, скратена форма од Кантабриџиенсис (придавка која потекнува од Кантабриџија, латинска форма на Кембриџ).

Според поранешни записи во 1209 година Универзитетот прерасна од една асоцијација на научници во град Кембриџ кои го напуштиле Оксфорд после еден спор со граѓаните. Двата стари универзитети имаат многу заеднички карактеристики и честопати се нарекуваат Оксбриџ. Во дополнение на културните и практични асоцијации како историски дел од британското општество, двата универзитети имаат долга историја на ривалство меѓу себе. Академски, Кембриџ се рангира како еден од светските најдобри универзитети како и водечки универзитет во Европа и натпреварувајќи се со Оксфорд за првото место во Англиската лига. Студентите на Универзитетот имаат усвоено повеќе нобелови награди отколку оние од друга институција во светот-со 88 нобелови лауреати како и она од 4 октомври 2010 г. најнова за Роберт Г. Едвардс за награда во психологијата или медицината. Универзитетот е член на Групата Расел за истражување на водечките универзитети во Британија, Групата Коимбра, Лига на Европски Истражувачки Универзитети и Меѓународна Алијанса на Истражувачки Универзитети. Тој го формира делот од Златниот Триаголник на Британските универзитети.

Статусот на Кембриџ беше зголемен со повелбата во 1231 година на Кралот Хенри 3 на Англија што беше награден со јус нон трахи екстра (право на дисциплина на своите членови) плус некои ослободувања од даноци, а со законот во 1233 од Папата Григор 9 што на студентите од Кембриџ им давал право да предаваат насекаде во Кристендом. Потоа, во писмо од Папата Николас 4 во 1290 година Кембриџ бил опишан како општествени студии и потврден како таков во законот на Папата Јован 22 во 1318 година и станал заеднички за истражувачите од другите европски средовековни универзитети за да дојдат и да го посетат Кембриџ за да учат или да предаваат курсеви.

Многу колеџи биле формирани за време на 14 и 15 век, но истите продолжиле да се формираат со векови па се до модерните времиња, иако постои празнина од 204 години од формирањето на Сидни Сасекс во 1596 и Доунинг во 1800. Kолеџот Робинсон е најново формиран, изграден во доцните 1970-ти. Од времето на Исак Њутн во доцниот 17 век се до средината на 19 век, универзитетот одржуваше силно истакнување на применета математика, особено на математичката физика. Студирањето на овој предмет беше обврзувачки за дипломирање и студентите беа обврзани да полагаат испит за дипломиран студент на филозофски факултет, основниот прв степен на Кембриџ за предметите за уметност и наука. Овој испит е познат како Трипос. Студентите што беа наградувани со прва – класа почести и по комплетирањето на математиката Трипос беа нарекувани вранглери (одлични студенти по математика) Математичкиот Трипос на Кембриџ беше натпреварувачки и овозможи да се продуцираат некои од познатите имиња во британската наука, како Џејмс Клерк Максвел, Лорд Келвин и Лорд Рајлеј.

Многу од најзначајните научни откритија и револуции беа направени од студентите на Кембриџ. Тие ги вклучуваат:

Разбирањето на научниот метод од Францис Бекон

Законите на движењето од Сер Исак Њутн

Откривањето на електронот од Џ.Џ. Томсон

Делбата на атомот од Ернест Рудерфорд и на јадрото од Сер Џон Коккрофт и Ернест Валтон

Унификација на електромагнетизмот од Џејмс Клерк Максвел

Откривањето на водородот од Хенри Кавендиш

Теоријата на еволуцијата со природна селекција од Чарлс Дарвин

Математичка синтеза на Дарвиновата селекција со Менделова генетика од Роналд Фишер

Турингова машина, основен модел за компјутер од Алан Туринг

Структурата на ДНК од Франсис Крик и Џејмс Д. Ватсон

Пионерска квантна механика од Пол Дирак

Митови, легенди и традиции

Како институција која има долга историја, Универзитетот разви голем број на митови и легенди. Многу од нив не се вистинити, но и покрај тоа тие се пропагирани од генерации студенти и туристички водичи. Прекинатата традиција за дрвената лажица, награда Што била давана на студентот со најниска оценка на последниот испит за Математичкиот Трипос. Последна ваква лажица била дадена во 1909 година на Кутберт Лемприер Холтхаус, веслач во Клубот за веслање на Лејди Маргарет на Колеџот Сент Џорџ. Таа била еден метар долга и имала рачка во вид на весло. Може да се види надвор во Сениорската Комбинирана Соба на Сент Џорџ. Од 1909 година резултатите биле објавувани по азбучен ред по класови отколку по бодови. Тоа оневозможило да се дознае кој е добитник на лажицата(освен ако има само еден човек во третиот клас) на тој начин и оваа пракса била напуштена. Секој Божиќ, радиото и телевизија ББС го прикажувал Фестивалот на Деветте Лекции и Хорот од Кралскиот Колеџ, Кембриџ. Радио прикажувањето било национална Божиќна традиција откако било првпат прикажано во 1928 (а фестивалот постоел од 1918 година). Радио прикажувањето се емитува насекаде во светот преку ББС Светскиот Сервис и исто така се прикажува на стотина радиостаници во САД. Првото телевизиско прикажување на фестивалот било во 1954 г.

Кембриџ е факултетски универзитет, што значи е составен од самостојни и независни колеџи (факултети) секој со свој имот и приход. Повеќето колеџи имаат академци и студенти од различен ранг на дисциплини, и во секој факултет, школо или оддел во универзитетот, можат да се најдат академци од многу различни колеџи. Наставниците се одговорни за предавањата да бидат одржани, да организираат семинари, да вршат истражувања и одредат содржина за предавањето надгледувано од Генералниот Борд.

Дарвин бил прв колеџ кој бил посетуван и од мажи и од жени, додека Черчил, Клер и Кралскиот Колеџ биле први кои биле машки колеџи кои примиле и жени додипломци во 1972 година. Магдалене е последен исклучиво машки колеџ кој станал мешан во 1988 година. Клер Хол и Дарвин примаат последипломци, Хју Хол, Луси Кавендиш, Сент Едмунд и Волфсон примаат само возрасни студенти(21 година на денот на уписот), вклучително и дипломци. Сите други колеџи примаат додипломци постдипломци без ограничување по години. Колеџите не бараат да се посетуваат сите предмети од студентите, па некои колеџи се определиле да немаат понуда за предметите: архитектура, историја на уметноста или теологија,но повеќето се близу до комплетен сет. Некои колеџи имаат предрасуди за одделни предмети како на пример Черчил е определен за науката и инженерството, додека другите како Сент Катерине е балансиран во однос на предметите. Трошоците на студентите (за сместување и храна) варираат од колеџ до колеџ.

Во склоп на 31 колеџ, универзитетот е составен од 150 оддели, факултети, школи, синдикати и други институции. Членовите на овие се често исто така членови на еден или повеќе колеџи и одговорноста да се води цела академска програма на универзитетот е поделена меѓу нив. Школо на Кембриџ Универзитетот е широко административно групирање на сродни факултети и други единици. Секој има избрано надзорно тело-Совет на школото- составен од претставници на конститутивните тела. Има шест школи : Уметност и хуманистички науки, Биолошки науки, Клиничка медицина, хуманистички и социјални науки, Физички науки и Технологија. Наставата и истражувањето во Кембриџ се организирани по факултети. Факултетите имаат различни организациски суб-структури кои делумно ја рефлектираат историјата делумно нивните оперативни потреби, што вклучуваат и еден број оддели и други институции. Во склоп на тоа има и мал број тела наречени синдикати кои имаат одговорност за наставата и истражувањето како на пример Кембриџ Асесмент, Јуниверсити Прес и Универзитетската Библиотека.

Основниот метод на наставата на колеџите на Кембриџ е надгледување. Тоа се типично неделни сесии по еден час каде во мали групи студентите –обично по еден до тројца- се сретнуваат со член од наставниот персонал или со студент на докторски студии. Од студентите се бара да комплетира есеј или задача за надзор и потоа заедно со надзорникот да се дискутира за време на сесијата за проблемите или потешкотиите што ги имал во врска со материјалот кој се презентирал на неделните часови. Предавањата на Кембриџ често се опишуваат како еден вид приврзок за надзорот. Студентите добиваат меѓу еден и три надзори на недела, во зависност од нивниот предмет. Овој педагошки систем често се цитира како единствен на Кембриџ и Оксфорд (каде надзорите се познати како туториали). Концептот на оценување на работата на студентите квантитативно се развивала од туторот по име Вилијам Фариш на Универзитетот во Кембриџ во 1792 година. Академската година е поделена на три семестри, поделени согласно Статутот на Универзитетот.

Поранешните додипломци на универзитетот имаат победено вкупно 61 нобелова награда, 13 повеќе отколу додипломци од другите универзитети. Професорите на Кембриџ имаат истотака освоено 8 Филдс Медали и 2 Абел Награди (откако во 2003 година беше првпат дистрибуирана). Но униварзитетот најмногу е познат поради долгата и истакната традиција во математиката и науката. Од овој универзитет произлегле 80 нобеловци, а таму моментно студираат 17.500 студенти од кои многумина доаѓаат од странство. Меѓу најпознатите научници на Кембриџ е Сер Исак Њутн.

Официјален сајт на Универзитетот http://www.cam.ac.uk/

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag