Најубавиот дворец на светот
Целиот тој предел бил мочуриште, а никаде во близина немало вода, оскудната вегетација била доволна само да ги сокрие животните кои што ги ловел Louis XIV. Единствена градба била кралскиот ловечки павилјон. Но, кралот Louis XIV наредил баш во тој крај да се изгради Версај, најраскошниот дворец на светот, симбол на апсолутизмот, “истовремено огромен и хармоничен“. “Кралот на Сонцето“ не бил загрижен за техничките проблеми.
Во Франција неговата волја претставувала наредба. Според неговото мислење, било потребно да се пронајдат вистински стручњаци за градење и доволно финансиски средства за да се изгради грандиозното дело. Архитектот Le Vau започна со работа во 1661 година, заедно со сликарот Le Brun и им се приклучил Le Nort, кој се грижел за обликување на градината и на фонтаните. Речиси секој ден се појавувал кралот и ги барал извештаите за текот на работите. Ништо, не можело да го обесхрабри – ниту високите трошоци, ниту епидемијата меѓу работниците ниту пак екстремните зимски услови во 1678 и 1684 година.
Повеќе од 36.000 луѓе од сите покраини на Франција, работеле на изградбата; 6.000 коњи влечеле коли полни со камења, греди и мермерни блокови. Со текот на времето, се изградила палата каква што, ниту еден владател немал – зграда со 580 метри во должина, со 375 прозори и огромен број на дворови, со безброј помошни згради.
Архитектот Jules Hardouin-Mansart бил наследник на Le Vau и ја довршил изградбата. Сликари и вајари, обработувачи на мермер и злато, ковачи, сите заедно биле дел од изградбата на оваа градба. Преовладувала белата и златна боја. Не само што ѕидовите блескале туку и склуптурите кои биле поставени над мермерните корита во дворовите биле позлатени по наредба на кралот, а со златни орнаменти биле украсени и мансарадите на кровот.
Според проектот, било замислено изградба на фонтани, но бидејќи во близина на дворецот немало никаде вода, било потребно да се донесе од Сена. Се изградила пумпа која се состоела од 221 помала пумпа кои се користеле за дотур на вода до 162 метри високото крајбрежје. Од главната пумпа, секој ден во текот на 24 часа истекувало 6.000 m3 вода и вака беспрекорно функционирала се до 1804 година, кога била реконструкирана и продолжила да функционира во наредните 60 години.
На 6 мај 1682 година Louis XIV “засекогаш“ се преселил во дворецот Версај – во дворец преполн со сјај, без кој е тешко да се замисли монархијата на Кралот Сонце, како што и дворецот не може да се замисли без него.
Голем број на свечености биле организирани во дворецот . Версај ја задржал својата вредност се до почетокот на Француската револиција, кога Louis XIV на 6 октомври 1789 година, бил одведен од својата палата и однесен во Тилјери. Само за една секунда биле уништени голем број на дворови во Версај. За време на војната, во периодот од 1870-1871 година, дворецот се користел како седиште на германскиот главен штаб. Во Дворецот со огледала, на 18 јануари 1871 година, било прокламирано повторно воспоставување на Германското царство и во истиот тој дворец на 28 јуни 1918 година, бил потпишан Версајскиот договор од Првата Светска војна, помеѓу побеничките сили и Германија.