Босилка Младиќ: Ратко е мртов

5 април, 20110
11
Босилка Младиќ, сопруга на најбараниот хашки бегалец, Ратко Младиќ, изјавила дека нејзиниот сопруг е мртов.
Според неа, во спротивно тој би “нашол начин да му се јави на семејството“. Таа тврди дека не го видела Ратко цели 10 години.
“Тој имаше три мозочни удари. Тоа не смееше да се каже и му беше потребна голема нега. Да е жив, сигурно би нашол начин да ни се јави“, рекла Босилка Младиќ, објавува српскaтa новинска агенција “Бета“, пренесува Нетпрес. Таа ова го кажала на судењето во белградскиот Основен суд против неа, бидејќи е обвинета за недозволено поседување огнено оружје.
Додала дека покренала правна постапка Ратко Младиќ да биде прогласен за мртов за да би го окончала малтретирањето, а не поради оставинска постапка. Босилка навела дека со сопругот воопшто не контактирала во изминативе десет години, од кога ја напуштил куќата во белградската населба Баново брдо, односно од 2001 година, по апсењето на Слободан Милошевиќ. Таа не оспорувала дека во нејзината спална соба е најдено оружје, но навела дека не знаела што се наоѓа во плакарот.

“Ратко рече: ова се мои работи и не ги пипкајте“, изјавила Босилка во судницата и додала дека за време на претресот, кога бил отворен плакарот, се било полно со прав.
Инаку, кон крајот на 2008 година, при претресот биле најдени еден пиштол “хеклер и кох“ со калибра 9 милиметри, четири револвери “застава“, еден пиштол “застава“, една ловечка пушка “застава“ и околу 1.000 куршуми со разни калибри.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *