Силен ветер беснее во Бугарија

9 април, 20110
Bulgaria-Map
Бугарските државни органи ги предупредиле граѓаните во 22 од 28 области да бидат претпазливи на силниот ветер со брзина од 100 километри на час, што вчера ја зафати Бугарија и ќе дува до недела.
Националниот институт за метеорологија и хидрологија соопштил дека брзината на ветерот во Крџали, Орахово и Ловеч, во јужна и централна Бугарија достигнал брзина од 100 километри на час.
Брзината на ветерот во Софија изнесувал 80 километри на час.
За сега нема податоци за причинета материјална штета.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *