Денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето

7 април, 20110
22

Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април, кога е основана Светската здравствена организација, во 1948 година од Обединетите нации.
Светската здравствена организација оваа година апелира до сите клучни страни, креаторите на политиките, јавноста и пациентите, докторите и оние кои препишуваат лекови, ветеринарите и фармацевтската индустрија, соодветно и одговорно да ги користат антибиотиците, со цел справување со резистенцијата кон лековите.
Под мотото “ако не се делува денес нема да може да се лекува утре“ СЗО ја посочува итноста и реалниот ризик од губење на моќта за лекување на антибиотиците од животно значење и има за цел да ја нагласи потребата од намалување на  самојстојното, лаичко и  неодговорно конзумирање на истите.
СЗО секоја година избира клучен глобален здравствен проблем и на 7 април организира меѓународни, регионални и локални манифестации, но и во текот на целата година, како би го истакнала значењето на избранатиот глобален здравствен проблем.
Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје, Здравствен дом – Скопје и Центарот за јавно здравје – Скопје, по повод одбележувањето на денешниот Светски ден на здравјето, организираат заедничка акција за бесплатни превентивни прегледи на пет пункта во Скопје.
Прегледите ќе се вршат од 08 до 14 часот на плоштадот “Македонија“, во парковите во населбите Чаир, Бутел и Ѓорче Петров и пред трговскиот центар “Бисер“ во Аеродром.
На пунктовите ќе се прават прегледи за проверка на холестерол и гликемија во крв и ќе се делат брошури иматеријали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење. Прегледите ќе ги вршат медицински екипи од Здравствен дом Скопје, Центарот за јавно здравје и ИЈЗ.
Целта на оваа акција е поттикнување на свеста кај населението за потребата од навремени превентивни прегледи и редовна контрола на своето здравје.
Покрај бесплатните прегледи, денешниот Светски ден на здравјето ќе го одбележат и здравствените установи во Скопје, Градската болница “8 – ми Септември“,Специјалната болница Филип Втори како и Приватната здравствена установа “Ре-Медика“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi