Денеска стартот на Вевчанскиот карневал

11 јануари, 20110
DSC_5232

Со импровизиран саем на алтернативен туризам, денес започнува манифестацијата Вевчански карневал кој оваа година како и останатите ќе понуди квалитетна програма со македонски и балкански музички ѕвезди. За оваа година се подготвува богата музичка програма и голема забава со која вевчанци ќе ја дочекаат Новата година по стариот календар. “Ја повикувам целата македонска јавност да дојде во Вевчани и да присуствува на овој вевчански уникатен карневал, да видат како се брани и се штити традицијата, да видат како нашите млади се’ повеќе и повеќе влегуваат во карневалската поворка. Тоа ни дава една сигурност дека со оваа традиција ќе опстојува Вевчани а со тоа и Македонија и македонскиот народ“, изјави градоначалникот на Вевчани Перо Илиевски. За добрата музика ќе се погрижат македонските рок бендови, а како ѕвезда на вечерта се најавува Бајага, кој ќе настапи на една од трите вечери на карневалот од 12 до 14 јануари. Без сомневање вевчанци и оваа година ќе понудат уникатно подготвени маски, а останува да видиме со кој ќе се пошегуваат оваа година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi