Дорис Пак: Нема визи за македонските граѓани

27 мај, 20110
doris-pak1-498
Нема општо или трајно суспендирање на безвизниот режим за македонските граѓани и за земјите од Западен Балкан, истакна европратеничката Дорис Пак.
“Постои ограничена можност за враќање на визите, доколку бидат исцрпени сите мерки за намалување на бранот имигранити, но таа постапка што ја предлага Европската Комисија е административно и политички  многу комплицирана, и речиси е неизводливо такво нешто“, додава Пак, потенцирајќи дека Европскиот парламент и Советот на Европа ќе имаат право да ги следат сите одлуки за привремено суспендирање.
Европратеничката Пак ја охрабрува Македонија да продолжи со својата посветеност да го убедува населението да не ја злоупотребува визната либерализација, нагласувајќи дека Европскиот парламент е голем поддржувач на безвизниот режим.
Во последно време кога се актуелизираше состојбата со лажните азиланти и постоеше закана за повторно враќање на визите, во многу медиуми бил погрешно протолкуван терминот Комитологија, кој како што објасни словачкиот европратеник Едуард Кукан, означува задолжително вклучување на Европскиот парламент во носење на одлуките.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *