На 25 април во Крушево се отвара Спомен куќата на Тоше Проески

14 април, 20110
spomenkuka2

На Гумење во Крушево на 25 април во 13 часот ќе биде отворена Спомен куќата на Тоше Проески, соопшти Министерството за култура на Р. Македонија. Изградбата на овој меморијален музеј го финансираше Владата на Македонија и министерството за култура, во знак на благодарност на “Македонскиот ангел“, кој со својата креативноста и талент ја афирмираше македонската култура  и остави траен белег во културниот живот. Спомен куќата ќе го претставува животниот пат на Тоше Проески, преку хронолошки приказ од неговото детство, тинејџерските години и периодот кога македонскиот славеј го достигна врвот во својата кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi