ВИДЕО: Кумановци криумчареле мигранти од Блискиот и Далечниот Исток

16 мај, 20110
Untitled

Полицијата приведе осум Кумановци под сомение дека криумчареле мигранти од Блискиот и Далечниот Исток и од земјите од Африка. Истите преку Грција, Македонија и Србија илегално биле пренесувани до западноевропските земји.
Центарот за сузбивање на организиран криминал вчера реализираше случај при што е откриена меѓународна организирана криминална група што криумчарела мигранти од Блискиот и Далечниот Исток и земјите од Африка. Истите преку Грција, Македонија и Србија илегално биле пренесувани до западноевропските држави. Полицијата поднесе кривична пријава против осуммината македонски државјани на возраст од 21 до 40 години.
При реализацијата на случајот четворица од приведените се затекнати во вршење на кривичното дело и во возилото кое го управувал еден од нив откриени се седум мигранти од Мароко кои биле прокриумчарени од Грција со цел преку Србија да бидат пренесени до западноевропските земји.

Пријавените на почетокот на годината здружени со криминални групи од Грција и Србија организирале илегално префрлање и транспорт на мигрантите од Грција преку Македонија и Србија кон запаедноевропските земји. Мигрантите по влезот во Македонија биле прифаќани од македонската криминална група во Битола од каде биле транспортирани до Куманово, а потоа по нелегални премини до Србија.
До сега, преку овој канал биле прошверцувани 78 мигранти. За еден мигрант криминалците земале од 1.500 до 2.500 евра, а до сега осуммината Кумановци се стекнале со 150.000 евра.
Полицијата изврши претреси во осум објекти во Куманово при што се пронајдени и одземени шест патнички возила што биле користени за превозот на мигрантите.
Истражен судија на осомничените им одреди мерка притвор од 30 дена.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi