Анализа: Новиот безбедносен тим на Обама

29 април, 20110
gty_leon_panetta_jp_110427_wg
Промените во екипата за национална безбедност на САД, имат една цел – да му овозможат на Барак Обама поголема контрола врз воената машина, која тој ја смета за арогантна и понекогаш навистина непокорна. Но, Обама доби многу нешта за кои му е благодарен на Роберт Гејтс.
Сегашниот министер за одбрана донесе ладнокрвна надлежност во функцијата, која беше исклучително потребна, откако Доналд Рамсвелд ја донесе американската армија буквално до нервен слом. Како исклучителен републиканец, кој беше подготвен да работи и за двете партии, нешто за кое другите само говореа, и како долгогодишен професионалец во сферата на одбраната, тој му претставува заштита на младиот претседател со лева склоност кон идеите, пишува “Економист”, пренесува Нетпрес.
Но, Гејтс беше и цврсто независен, за да има комфорт. Кога тој тивко го поддржа зголемувањето на контингентот во Авганистан, за што армијата постојано настојуваше, за Обама немаше голем избор освен да го прифати. Среќен, што е на својата последна функција во власта, Гејтс беше непоколеблив на местото за период, за кој одлучи дека е подготвен да работи. Иако и тој самиот сакаше да ги намали расходите на Пентагон и призна дека расходите за одбраната неможат да бидат под влијание на буџетските кратења, имаше и јасни граници колку далеку би заминал во тоа да биде на чело на едно навистина ослабено министерство за одбрана.
Заменикот на Гејтс, Леон Панета, сегашен директор на ЦИА, е искусен чиновник, кој ќе има помалку каење за постигањето на амбициозната цел на Обама за намалување на буџетот на одбраната со 400 милијарди долари до 2023 година. Панета е и смирувачка фигура и ќе работи без да предизвикува много напрегања. Повеќето од загрижувањата околу Панета се поврзани со неговата возраст. Тој ќе наполни 73 години во јуни, и покрај тоа што посетил повеќе од 30 држави за време на својата работа во ЦИА, тој сепак ќе биде ставен на тешки искушенија. Панета ќе треба да се исправи пред често злобните критики на Конгресот, да демонстрира исклучителна ефективност и да е во состојба да ја смени насоката многу бргу во вонредни ситуации. Гејтс, кој е пет години помлад од Панета, признава дека веќе се чувствуван истрошен од својата работа.
Прифаќајќи една од најспецифичните функции во едно тешко време, Панета остава отворен пат за генералот Дејвид Петрес, кој ќе го наследи на позицијата директор на ЦИА. Тоа е компромис, кој јавно е во корист на сите, но сепак не е неопходен. Сигурно би било подобро за генералот Петрес да остане уште една сезона во Авганистан, а тој и јавно е подготвен тоа да го направи, но ако биде побарано такво нешто од него. Ако, сепак, тоа не се случи, тој е забележителен кандидат да го замени адмиралот Мајк Мулен како претседател на Заедничкиот генералштабов на САД. Адмирал Мулен се пензионираше во октомври, лани, по четири години извршување на таа функција.
Но, генерал Петрес, дури повеќе и од Гејтс, настојуваше за зголемување на контингентот во Авганистан, и откажа да ја поддржи алтернативата на Обама. Сега, откако ја спаси авганистанската кампања и го задоволи генералот Стенли Меккристал, генералот Петрес доби прошка од Белата куќа. Друга можност беше да го замени адмиралот Џејмс Ставридис, на местото командант на силите во Европа. Но, луѓето блиски до Петрес, посочуваат дека тој сака да биде поблиску дома, поради серијата долги и истоштувачки патувања. Од друга страна, пак постои опасност, најобриот војник на САД да потоне во бирократија во ЦИА. Можеби, пак, Обама и токму тоа го сака.
Меѓу промените ќе биде и назначувањето на нов американски амбасадор во Кабул. Ако таму биде испратен Рајан Крокер, Обама навистина заслужува пофалби за својата моќ и способност на убедување. Но, имајќи го во предвид фактот дека генерал Петрес е на пат да се тргне, двајцата ќе имаат мала шанса да го повторат успехот од Ирак-уште една изгубена можност.
Смената на адмирал Мулен најверојатно нема да биде објавувана до јули или до август, годинава. Неговиот заменик генерал Џејмс Картрајт, сеуште е сметан за фаворит за да го наследи. Односот на Обама кон него се стопли откако за време на разгледување на предлогот за зголемување на американскиот контингент, Картрајт настојуваше дека претседателот треба да добие вистински можности за избор во Авганистан. Но, неговата репутација е малку замрачена од истрагата за можно непристојно однесување кон жена капетан од морската пешадија. Истражните органи настојуваа за административни дејствија поради “недисциплинирање на потчинет“.
Тоа може, пак, да не е пречка во очите на Обама. Циник би заклучил дека со советник за национална безбедност, избран скоро поради својата лојалност, а не толку поради својата компетентност, со еден стар министер за одбрана, оптоварен со кратење на расходите, со благодарен претседател на Заедничкиот штаб и со најпознатиот и харизматичен војникнадвор од униформата, Обама конечно ќе добие воен тим каков што навистина отсекогаш посакувал.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *